НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот Совет и Парламент ги усогласија новите правила за намалување на емисиите на метан

0
By Ана Василевска on November 15, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа привремен политички договор за Регулативата за следење и намалување на емисиите на метан во енергетскиот сектор, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што изјави шпанската вицепремиерка и министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици Тереза Рибера Родригез овој договор претставува „големо достигнување“ и ќе помогне во остварувањето на климатските цели на ЕУ.

– Текстот има клучен придонес за климатските активности, бидејќи метанот е значаен стакленички гас, веднаш по јаглерод диоксидот во неговиот севкупен придонес кон климатските промени и е одговорен за една третина од сегашното глобално затоплување, истакна Рибера Родригез.

Согласно постигнатиот договор се предвидуваат нови барања за мерење, известување и потврдување на емисиите на метан во секторите за експлоатација на нафта, гас и јаглен, како и воведување мерки за избегнување на ослободувањето на гасот.

Регулативата ги обврзува компаниите за експлоатација на фосилни горива до надлежните органи да доставуваат периодични извештаи за емисиите на метан на ниво на активен енергетски извор, како и од затворени или напуштени рудници на јаглен.

Надлежните органи, пак, мора да вршат периодични инспекции за да ја проверат усогласеноста на операторите со барањата утврдени во регулативата. Првата проверка мора да биде завршена најдоцна 21 месец по датумот на стапувањето во сила на регулативата, а терминот за секоја следна инспекција треба да се заснова на проценка за ризиците по животната средина, безбедноста на луѓето и јавното здравје, но не смее да биде подолг од три години. Доколку се утврди сериозно прекршување на барањата на регулативата, нова проверка мора да се изврши во рок од една година.

Европската комисија се обврзува во рок од 12 месеци по стапувањето во сила на регулативата да донесе акт со кои ќе ги одреди дозволените нивоа на истекување на гасот при стандардни температура и притисок.

Во однос на неактивните или напуштени извори на енергенси се предвидува изработка на регистар за нивна евиденција, а нивните сопственици треба да доставуваат податоци дека од нив нема емисии на метан доколку нивната активна експлоатација престанала пред помалку од 30 години. Во однос на затворените или напуштени рудници за јаглен, обврската за доставување на податоци ги опфаќа сите окна или копови кои престанале со работа пред помалку од 70 години. Исклучок од ова се предвидува за рудниците кои се целосно поплавени пред повеќе од 10 години.

Регулативата ќе се спроведува во три фази, при што во првата ЕУ ќе се фокусира на собирање податоци и создавање на глобална алатка за следење на емисиите на метан и на механизам за брза реакција, а во втората и третата фаза, компаниите треба да ги применат мерките за следење, известување и верификација до 1 јануари 2027 година и за ограничување на максималните вредности на емисиите на метан до 2030 година.

Надлежните органи ќе имаат овластување да изрекуваат административни казни доколку компаниите не ги почитуваат одредбите од регулативата.

Европски Совет нафта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.