Состојбата на Блискиот Исток, како и мигрантското и бегалскиото прашање биле во фокусот на состанокот на Владиниот совет за национална безбедност на Грција, што денеска го одржа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
-За време на состанокот беше информирано за состојбата на Блискиот Исток, управувањето со мигрантското-бегалското прашање, како и за напредокот во спроведувањето на програмата за цивилна заштита „Егис“, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис.