НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: „Златно правило“- капиталните инвестиции повисоки за 187 милиони евра од дефицитот во 2024 година

0
By Marta Pesevska on November 26, 2023 ЕКОНОМИЈА, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Буџетот за 2024 година е скроен според „златното правило“ во јавните финансии – „ако се задолжувате, тоа да биде само за инвестиции“. Капиталните инвестиции се проектирани во износ од околу 45 милијарди денари, или за 11,5 милијарди денари (187 милиони евра), повисоки од буџетскиот дефицит. Од друга страна, буџетскиот дефицит во буџетот за 2024 година е намален скоро за третина во однос на проекцијата за годинава. Проекциите на среден рок се буџетскиот дефицит да падне под Мастришките критериуми, посочува во најновата колумна посветена на буџетот за следната година, министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Буџетскиот дефицит, како што вели Бесими, е проектиран на 3,4% од БДП (од тоа само половина е примарниот дефицит, односно 1,7% од БДП, додека остатокот од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиран од минатото до сегашниот период). Ова ниво соодвествува со среднорочните проекции во Фискалната стратегија до 2028 година, каде е предвидено буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година да се сведе на 3% или согласно Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3%, односно 2,8% и 2,5%, респективно.

-Развој и одржливост – тоа се двата клучни збора кои го опишуваат буџетот за 2024 година. Буџетот за 2024 година е развоен, поради силниот инвестициски циклус во инфраструктурата кој продолжува следната година. Буџетот е одржлив, бидејќи и покрај високата инфраструктурна компонента, продолжуваме со фискалната консолидација, истакнува министерот за финансии.

Планирани, како што наведува Бесими, се значајни инвестициски вложувања во областа на патната инфраструктура, поврзани со проектирање и изградба на Коридор 8, односно проширување на автопатот Тетово-Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа–Струга–Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани, и на Коридорот 10 д, изведба на делницата Прилеп–Битола и физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен. Планирано е  да продолжи изградбата на источниот дел од патниот Коридор 8, делницата Ранковце-Крива Паланка и до границата со Бугарија, како и западниот дел, делницата Кичево-Букојчани. Проектирани се средства и за автопатот Скопје-Блаце.

-Продолжува изградбата и рехабилитацијата на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, како и заеднички железнички граничен премин со Србија. Во буџетот се проектирани средства и за голем број други капитални проекти во делот на комуналната инфраструктура и управување со отпад, енергетска ефикасност, уредување на технолошко индустриските развојни зони, здравствениот и образовниот сектор, детската заштита и спортот, земјоделскиот сектор, како и за Интегрираниот систем за управување со даночни информации и Системот за управување со информации за државна помош, како дел од концептот на SMART Finance, пишува Бесими.

Бесими капитални инвестиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.