Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија бара забрзување на процесот на прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

0
By Ана Василевска on December 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Клаудија Танер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 5, 2023 11:20

Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер порача дека Австрија инсистира на забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, со цел да се обезбеди стабилност на регионот и негова заштита од странско влијание.

– Забрзувањето на пристапните преговори со земјите од Западен Балкан е јасен приоритет за мене пред да зборуваме за други можни членства, изјави Танер за време на посетата на Босна и Херцеговина.

Според неа, во услови на кризи во светот ЕУ „не смее да го изгуби од вид своето непосредно соседство“.

– Западниот Балкан, а особено Босна и Херцеговина, се важен партнер за Австрија кога станува збор за натамошната стабилност, регионалната соработка и европската интеграција на овој регион, додаде Танер.

Австриската порака за забрзување на процесот за прием на земјите од регионот доаѓа во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 13 декември во Брисел и во услови кога Унијата многу повеќе е фокусирана на кандидатурата за членство на Украина.

Средбата на лидерите на Унијата и на земјите од Западниот Балкан ќе се одржи еден ден пред декемврискиот Самит на ЕУ каде една од темите ќе биде и процесот на проширување, вклучително и одлуката за старт на преговори за членство на Украина и Молдавија во блокот. Во однос на БиХ, Европската комисија препорача условен старт на преговорите со барање земјата да го „исполни потребниот степен на усогласеност“ со ЕУ.

Неодамна во интервју за „Фајненшл тајмс“, шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг порача дека преговорите со БиХ треба да започнат што е можно побрзо. Според него, од претстојниот Самитот на ЕУ од геостратешки причини треба да се испратат „еднакви сигнали и во двете насоки“, и кон Украина и Молдавија и кон регионот на Западниот Балкан.

ЕУ Западен Балкан Клаудија Танер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.