Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Де Кро за аферата „Чајнагејт“: Кина понекогаш е многу непријателски расположена земја

0
By Ана Василевска on December 21, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Александар де Кро
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 21, 2023 11:49

Кина се обидува да ја дестабилизира белгиската демократија, што понекогаш ја прави многу непријателски расположена земја, изјави белгискиот премиер Александар де Кро, коментирајќи ги наводите дека Пекинг регрутирал член на белгиската екстремно десничарска партија Фламански Интерес (ВБ) за да работи на промоција на кинеските интереси.

– Не треба да потценуваме колку странските сили не ја сакаат нашата демократија и нашето единство. За разлика од Русија, Кина не го напаѓа нашиот континент, но останува земја која понекогаш е многу непријателски расположена кон нас. Тоа не треба да се занемари, изјави Де Кро за двата водечки белгиски весници „Соар“ и „Стандард“.

Изјавата на Де Кро претставува коментар на медиумските информации дека членот на ВБ, Франк Крејлман примал поткуп од кинеското Министерство за државна безбедност со цел со своите јавно изнесени ставови да влијае врз дискусиите во Европската Унија. Според медиумите, кои аферата веќе ја нарекоа „Чајнагејт“, Крејлман работел во интерес на Кина најмалку три години.

– Белгиската демократија е ставена на продажба. Кинезите се обидуваат да купат влијание за да ја дестабилизираат нашата демократија. Со „Чајнагејт“ сето тоа се расплеткува пред нашите очи, додаде Де Кро.

По избувнувањето на аферата, Франк Крејлман веднаш беше исклучен од партијата Фламански Интерес (ВБ), но Де Кро побара и неговиот брат Стивен Крејлман да биде разрешен од функцијата претседател на Комисијата за набавки за потребите на одбраната на белгискиот Парламент.

Според Де Кро, таквиот чекор би бил чисто превентивен, имајќи предвид дека тој претседава со „една од најчувствителните комисии во Парламентот“.

Франк Крејлман е актуелен член на Советот на градот Мехелен и поранешен белгиски сенатор и екс-пратеник во Регионалниот парламент на Фландрија. Тој во јавноста е познат по своите проруски ставови и отвореното противење на испораката на оружје за Украина по руската агресија врз земјата.

Во заедничка истражувачка сторија на весниците „Фајненшл Тајмс“, „Шпигел“ и „Монд“ беше посочено дека службеникот на кинеското Министерство за државна безбедност, Даниел Ву го ангажирал Крејлман за да влијае врз дискусиите во Европа за прашања кои се однесуваат на Пекинг, кои што се ограничувањата на демократијата во Хонг Конг или прогонот на Ујгурите во провинцијата Синџијанг.

Во една од СМС преписките меѓу Ву и Крејлман, кои траеле најмалку од 2019, па до крајот на 2022 година, кинескиот разузнавач наведува дека „нивна цел е да предизвикаат поделба во американско-европските односи“, а во друга од пред две години му вели на белгискиот политичар дека „има задача да го нападне Едријан Зенз“, истражувач кој објавил информации за приведувањето илјадници припадници на муслиманско ујгурско малцинство во Синџијанг од страна на кинеските власти.

Ву, исто така, бара од Крејлман да влијае за прекинување на конференција посветена на Тајван, а во една преписка двајцата разговараат за исплата на посредник кој требало да натера католички кардинал да предупреди дека Ковид пандемијата се „политизира“ за да се зголеми притисокот врз Кина.

Во истражувачката сторија се посочува дека Крејлман бил дел од операцијата на кинеското разузнавање за обиди за манипулација со политичките дискусии ширум светот во корист на интересите на Пекинг, во чии рамки биле „регрутиран и манипулирани“ научници, политичари и бизнисмени.

Александар де Кро аферата „Чајнагејт“ Кина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.