НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска за „Економист“: Македонската Армија минува низ процес на модернизација досега незабележан во нејзината историја

0
By Marija Todorovska on December 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во овогодишното издание „Светот во 2024-та“ на реномираниот „Економист“, се осврна на повеќе развојни процеси во одбраната и во Армијата, особено процесот на нејзина модернизација и опремување, соопшти МО.

– На полето на модернизацијата ги видовме плодовите на она што години наназад го правиме – првенствено преку зголемувањето на одбранбениот буџет кој оваа година е на ниво 1,85 проценти од бруто-домашниот производ, како и преку одвојувањето на една третина од овие средства и нивно инвестирање во нова и модерна опрема, посочи министерката.

Таа истакна дека Армијата годинава веќе се опремила со 32 JLTV современи оклопни возила, а оваа бројка ќе се зголемува во следниот период, додека потпишани се договори за набавка и на оклопни возила од типот „Страјкер“.

– За потребите на Армијата се набавуваат нови системи за против-воздушна одбрана од Франција, артилериски системи од Турција, воведовме системско решение за одржување на постојните воени воздухоплови до набавката на нови хеликоптери, два транспортни хеликоптери се веќе на ремонт во Чешка и се очекува истите да бидат вратени во Северна Македонија во првата половина од 2024 година, а започнат е процесот и на набавка на дронови за потребите на државата, рече министерката.

Петровска во интервјуто потенцира дека оваа опрема припадниците на Армијата ја заслужуваат затоа што тие се врвни професионалци кои се секогаш и секаде подготвени да им помогнат на граѓаните.

Таа најави дека, како и годинава, така и во 2024 година процентот наменет за модернизација ќе биде сличен, но дека одбранбениот буџет ќе порасне на ниво од 2 отсто од бруто-домашниот производ.

За 2024 година, Петровска изрази очекување првенствено вработените во одбраната, како клучна алка во одбранбениот систем, да го добијат местото кое го заслужуваат, исто како што со донесените измени во Законот за служба значително беше унапреден и стандардот на припадниците Армијата.

Во контекст на геополитичката ситуација и руската агресија врз Украина, министерката го сподели своето сведоштво од посетата на оваа земја, при што истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува, согласно нивните барања и нашите можности дефинирани од страна на Генералштабот.

Петровска порача дека остануваме посветени во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, преку учеството во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија, Романија и Латвија, додека истовремено даваме придонес и во мисијата на НАТО на КФОР и мисијата на ЕУ во БиХ, АЛТЕА, како начин за зацврстување на регионалната безбедност и стабилност.

– Следната година во Министерството за одбрана, проектите ќе продолжат да се реализираат онака како што се планирани. Одбраната ќе продолжи да функционира беспрекорно, а за секој припадник на Армијата и службеник во одбраната ќе се работи посветено и амбициозно. Во следниот мандат како министерка по изборите во 2024 успесите ќе бидат уште поголеми, вели министерката Петровска во интервјуто за „Економист“.

безбедност македонска армија модернизација Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.