Координативното тело задолжено за надминување на проблемот со насипот на Слатинското Езеро како обид за намалување на опасноста од целосно уривање на браната и предизвикување поплави, ќе се обидат да го отстранат бетонскиот преливник на акумулацијата, со цел да се намали водостојот на езерото за околу два метри.
Со тоа, сметаат експертите, би се намалил притисокот на водата и би се спречило натамошно оштетување на веќе оштетената брана.
Истекувањето на водата низ пукнатините на насипот го разградува материјалот од кој е изградена браната, така што се уште постои реална опасност водата целосно да се излее и да ги поплави околните земјоделски површини, како и дел од станбените објекти во пониските делови на истекот на Слатинското езеро.
Најзагрозени се куќите во населбата Слатински чифлик, како и атарите на селата Слатино и Издеглавје.
Жителите од загрозените делови на Слатински Чифлик се евакуирани. Локалното населени стравува за своите имоти, најмногу за посевите и земјиделските површини што за најголем дел од нив се единствен извор на егистенција.
Во акумулацијата има приближно 1,4 милиони кубни метри вода. Состојбата со насипот на акумулацијата е проблематичен години наназад, а освен помали интервенции браната на езерото никогаш не е санирана