Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп отстранет од гласачкото ливче во Мејн

0
By Marta Pesevska on December 30, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 30, 2023 19:17

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп е отстранет од гласачкото ливче за претседателските избори во Мејн, откако државната секретарка на Мејн, Шена Белоус, членка на Демократската партија, го отстрани неговото име од гласачкото ливче повикувајќи се на клаузулата за бунт од Уставот на САД.

Со овој потег, државната секретарка на Мејн стана првиот изборен функционер кој еднострано презеде акција што има потенцијални последици за Изборниот колеџ, пишува „Гласот на Америка“. Таа рече дека Трамп не е квалификуван да се кандидира за претседател поради неговите постапки што доведоа до немири во Капитол во 2021 година. Во нејзината пресуда на 34 страници се вели дека Трамп мора да биде отстранет од прелиминарните избори на републиканците во Мејн поради 14-тиот амандман, кој забранува секој што „учествувал во бунтот“ да врши федерална функција. Таа, исто така, напиша дека Трамп „во текот на неколку месеци, кулминирајќи на 6 јануари 2021 година, користел лажна приказна за изборна измама за да ги разгори своите поддржувачи и да ги испрати во Капитол“.

Таа додаде дека неговите „повремени барања до бунтовниците да бидат мирни и да ги поддржат органите на прогонот не ги оправдуваат другите негови постапки“. Зборувајќи за BBC News по нејзината пресуда, таа рече дека има должност да ги почитува изборните закони на нејзината држава и се надева дека Врховниот суд ќе го реши проблемот низ целата земја.

Со овој чин, Мејн се приклучи на Колорадо како втора држава што забрани гласање за Трамп. Нивните одлуки го зголемуваат притисокот врз Врховниот суд на САД, кој треба да одлучи дали постапиле во согласност со Уставот.

Изборниот штаб на Трамп најави дека ќе поднесе жалба на пресудата на Мејн до државните судови. Портпаролот на кампањата Стивен Чанг ja нарече Шена Белоус „хиперпартиски демократ кој го поддржува Бајден“. Чанг смета дека на овој начин таа се меша во изборите.

Извор: МИА

гласачко ливче исфрлен Мејн Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.