НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Музејот на Аушвиц остро ја осуди „шегата“ според која Полска за бегалците веќе има подготвени логорски бараки

0
By Ана Василевска on January 2, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Музејот на поранешниот германски нацистички логор Аушвиц – Биркенау најостро ја осуди несоодветната „шега“ на полскиот сатиричар Јан Пиецак, објавена во медиумите блиски до претходната влада (по изборите на 15 октомври опозициски конзервативци), според кои ЕУ смета дека Полска е подготвена да прими мигранти, бидејќи за нив има подготвено стари логорски бараки во Аушвиц и други поранешни концентрациони логори.

– Знам сурова шега. Тие сметаат на тоа дека Полјаците се подготвени затоа што имаме бараки за мигранти, во Ашувиќ, Мајданек, Треблинка, Штатхоф. Имаме многу бараки што ги изградија Германците и таму ќе ги задржиме оние мигранти кои нелегално ни ги шверцуваат преку Германија, рече Пјетшак на ТВ Република, која е блиска до сегашната конзервативна опозиција од партијата Право и Правда на Јарослав Качински.

По формирањето на новата влада на проевропските демократски партии на премиерот Доналд Туск, тимот на главните ѕвезди на полската државна телевизија ТВП, премина во десничарската ТВ Република.

– Трагедијата на Аушвиц покажува каде водат идеите за омраза и презир кон друго човечко суштество. Инструментализирањето на судбините на луѓето кои гинеа во германските логори за мизерна антиимигрантска реторика е срамен израз на морален или интелектуален неуспех, стои во реакцијата на Музејот на Аушвиц, некогашен најголем логор на смртта кој нацистите го изградија во окупирана Полска за време на војната.

И полскиот министер за правда Адам Боднар реагираше на изјавата на сатиричарот и побара од јавниот обвинител да почне истрага.

Пријава против ТВ Република до националното надзорно тело за радио и телевизија и кривичната пријава до обвинителството поднесе и Центарот за следење расистичко однесување поради законски забранетото ширење нацизам и расистички закани.

Аушвиц Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.