НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите во ЕУ би можеле да бидат голема пресвртница за европската радикална десница: Коалиции за позиционирање на власт?

0
By Ана Василевска on January 5, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Ле Пен - Салвини
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шест месеци пред изборите во ЕУ, анкетите предвидуваат силни резултати за двете најдесни  групи во Европскиот парламент. Но, постојат бариери за обединување на екстремно десничарските партии – имено, нивните идеолошки разлики за прашања од војната во Украина, до миграцијата, па дури и за европската интеграција.

Декемвриските анкети на агрегаторот Europe Elects сугерираат дека, доколку се комбинираат, екстремно десничарската група „Идентитет и демократија“ (ИД) и евроскептичните Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) би можеле да соберат доволно поддршка за да одговараат на големината на централнодесничарската Европска народна партија – моментално најголемата парламентарна група.

Но, анкетата, исто така, предвидува дека неформалната коалиција меѓу централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП), централно-левичарските Социјалисти и Демократи (S&D) и центристичко-либералната Обнова Европа (РЕ) сепак ќе го задржи комфорното апсолутно мнозинство, со 404 од 705 седишта.

Сепак, коалицијата сè уште може да се соочи со некоја тврда конкуренција ако екстремно десничарските партии во Европа продолжат да гледаат дека поддршката расте.

Групата „Идентитет и демократија“ (ИД) освои 12% во проекцијата на своите места според анкетата на Europe Elects, со што го достигна највисокото ниво од февруари 2020 година. Водачот на францускиот национален фронт  Марин Ле Пен и италијанскиот вицепремиер Матео Салвини – и двајцата истакнати евроскептици – припаѓаат на партијата.

Незначително се зголемуваат и европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), со 11%. Групата беше поттикната од неодамнешниот изборен успех на нејзината членка партија Браќа на Италија, чиј лидер Џорџа Мелони стана првата жена премиер на Италија во октомври 2022 година. Полската партија Право и правда и шпанската екстремно десничарска партија Вокс, исто така, припаѓаат на ЕЦР.

Пргнозите би можеле да предизвикаат проблеми за главните европски партии.

„Ако ги комбинирате двете [ID и ECR], непочитувајќи ја веројатноста тие двајца да формираат коалиција , што е една од работите за кои луѓето разговараат, а тоа би било резултат од 23%, што би било приближно исто како резултат на Европската народна партија, десниот центар“, изјави за Еуроњус Јакуб Роговиецки, аналитичар во Europe Elects.

Но, постојат бариери за обединување на екстремно десничарските партии – имено, нивните идеолошки разлики за прашања од војната во Украина, до миграцијата, па дури и за европската интеграција.

„Ова може да доведе до соработка за конкретни прашања за промена на тонот и одлуките на европско ниво, како и општата брзина кон десничарските политики“, објасни Роговиецки. „Прашањата како што е особено миграцијата, се главните движечки фактори за луѓето да продолжат со политиките, поради што, дури и ако нема спојување помеѓу ECR, ID и Fidesz, ова секако може да влијае на коалицијата што може да се формира на следните избори“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повлече својата владејачка партија Фидес од главната централно-десничарска група ЕПП во 2021 година, две години откако партијата беше суспендирана од политичкиот сојуз на ЕПП.

Договорите би можеле да се склучат ако Парламентот се заниша во корист на некои – Манфред Вебер, претседател на ЕПП, на пример, инсистираше на соработка со ЕЦР во последните месеци. Вебер го повика Европскиот парламент да го заврши Новиот пакт за миграција и азил пред Европејците да излезат на гласање, така што владите имаат што да им покажат на скептичните гласачи.

Пристапот на Вебер беше критикуван од социјалистите и зелените како обид да се смири екстремната десница и да се имитира нејзината радикална агенда под обвивката на центризмот.

Но, неколку партии кои припаѓаат на ЕПП во последните години склучија коалициски договори со екстремно десничарски формации за да стигнат до власт.

Поделени се не само партиите, туку и европските земји-членки. Гласањето за европските избори оди преку националната перспектива – која често може многу да се разликува помеѓу земјите-членки.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. В.

Европска десница Мари ле Пен Матео Салвини радикална десница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.