НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каселакис со предлог-закон за истополовите бракови: Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“

0
By Ана Василевска on January 5, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
Стефанос Каселакис
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис побарал од претседателот на пратеничка група Сократис Фамелос, штом се отвори Парламентот, одново да биде доставен нивниот предлог-закон за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис на социјалните мрежи утрово објави дека од Фамелос побарал доставување на законот, бидејќи како што напиша, „по вчерашната одлука на премиерот да го одложи неговиот предлог-закон“, ова е неговата единствена опција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, синоќа, по заклетвата на новите министри, во разговор со новинарите за тоа кога ќе биде доставен законот за еднополовите бракови рекол дека прво треба да објаснат што планираат, а потоа ќе говорат за временски рок.

По ова, Каселакис најави доставување на нивниот закон и паралелно побара од Мицотакис да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.

-Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА.

истополови бракови Сириза Стефанос Каселакис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.