НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалку 83 новинари и медиумски работници убиени од почетокот на војната помеѓу Израел и Газа

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: uarmprotection.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Војната меѓу Израел и Газа им нанесе сериозна штета, често и со фатални последици по новинарите откако Хамас го започна својот невиден напад против Израел на 7 октомври, и Израел објави војна на милитантната палестинска група, започнувајќи со напади врз блокираниот Појас Газа.

Почнувајќи од 18 јануари 2024 година, прелиминарните истраги на Комитетот за заштита на новинарите  покажаа дека најмалку 83 новинари и медиумски работници се меѓу повеќе од 25.000 убиени од почетокот на војната на 7 октомври – со повеќе од 24.000 смртни случаи на Палестинци во Газа и на Западниот Брег и 1.200 смртни случаи во Израел.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјавија за новинските агенции Ројтерс и Франс прес дека не можат да ја гарантираат безбедноста на нивните новинари кои дејствуваат во Појасот Газа, откако тие побараа гаранции дека нивните новинари нема да бидат цел на израелски напади, објави Ројтерс на 27 октомври.

Новинарите во Газа се соочуваат со особено високи ризици додека се обидуваат да го покриваат конфликтот за време на израелскиот копнен напад, вклучувајќи разурнувачки израелски воздушни напади, прекин на комуникацијата, недостиг на снабдување и големи прекини на електрична енергија.

До денешен датум (18 јануари 2024) потврдена е смртта на 83 новинари и медиумски работници: 76 Палестинци, 4 Израелци и 3 Либанци.

Пријавени се 16 повредени новинари, 3 новинари се пријавени за исчезнати, а уапсени се 25 новинари. Повеќекратни напади, закани, сајбер напади, цензура и убиства на членови на семејствата, се наведува во извештајот на Комитетот.

Комитетот за заштита на новинарите,  исто така, истражува бројни непотврдени извештаи за други новинари кои биле убиени, исчезнати, приведени, повредени или загрозени, како и за оштетување на канцелариите на медиумите и домовите на новинарите.

Објавениот список вклучува имиња врз основа на информации добиени од извори на КЗН  во регионот и извештаи од медиумите. Ги вклучува сите новинари  вклучени во активноста за прибирање  вести. Не е јасно дали сите овие новинари го покривале конфликтот во моментот на нивната смрт, но од Комитетот велат дека  ги вклучиле  во пребројувањето  додека во меѓувреме се истражуваат околностите во кои го загубиле животот. Списокот се ажурира на редовна основа.

Подготви: Д. Тахири

Преземено: Цивил Медиа

газа новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.