НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот Европски закон за слобода на медиумите доби поддршка од членките на ЕУ

0
By Gabi Tocko on January 20, 2024 ВЕСТИ, Медиуми, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите членки на ЕУ го поддржаа предлогот за усвојување на нова европска законска регулатива со која треба да се воспостави заедничка рамка за медиумските услуги во Унијата и да се заштитат слободата на медиумите, медиумскиот плурализам и уредувачка независност во блокот, објави Советот на ЕУ.

Со регулативата, наречена Европски закон за слобода на медиумите (ЕМФА), се воспоставува заедничка рамка на ниво на ЕУ за медиумските услуги на внатрешниот европски пазар, се воведуваат мерки за заштита на новинарите и медиумите од политичко влијание и истовремено се олеснува медиумското работење во границите на Унијата.

Новите правила ќе го гарантираат правото на граѓаните за пристап до слободни и информации од повеќе извори и ќе ја дефинираат одговорноста на земјите членки да обезбедат соодветни услови и рамка за заштита на ова право, посочува Европскиот совет.

Според министерот за млади, медиуми и намалување на сиромаштијата на белгискиот регион Фландрија, Бенјамин Дале, оваа прва регулатива поврзана со културата и медиумите за време на претседавањето на Белгија со Унијата е особено значајна за слободата на медиумите и плурализмот во ЕУ.

Оваа нова регулатива ќе ги заштити новинарите и нивните извори и ќе им овозможи на граѓаните да носат одлуки врз основа на поголем број и независни информации, оцени Дале.

Предлогот за усвојување на Европски закон за слобода на медиумите го иницираше Европската комисија на 16 септември 2022 година. По повеќе од една година консултации и усогласувања меѓу институциите на Унијата, лани во октомври започнаа преговорите меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент по текстот на конечната верзија на Законот, кој беше усогласен со постигнатиот договор на 15 декември 2023.

По поддршката на конечната верзија на Законот за слобода на медиумите од страна на земјите членки, ќе следи негов превод на сите официјални јазици на Унијата, по што тој и формално треба да биде усвоен од страна на Советот на ЕУ и Европарламентот до април 2024 година.

Г. Т.

Европски закон за слобода на медиумите ЕУ поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.