Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ново ЧУДО: Функционерите ќе ги вратат на граѓаните фамозните 78% од платата

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 22, 2024 11:51

РИБАРО

После најавите од МПЦ кои решија да ги стават на лицитација сите плацеви, јахти и џипови кои се во сопственост на владиците и поповите, а собраните средства да им ги донираат и разделат на верниците од посиромашните слоеви, именуваните функционери решија да се ослободат од товарот на 78 проценти зголемени плати што им припаднаа како резултат на одлуката на Уставниот суд донесена во март лани.

Именуваните функционери од сите политички партии: министри, градоначалници, пратеници, директори, судии… како што дознава АХА, донеле заедничка одлука тие фамозни +78% поголема плата кои, како што велат, ни криви ни должни ги добиле на поклон од Уставниот суд, да ги вратат назад кај граѓаните.

„Не може ние да се куропецаме додека народот ни живее во сиромаштија, има да се научиме да живееме без тие 78% па што сака нека биде. Кога можат МПЦ без плацеви и владиците без џипови, ваљда ќе можеме и ние да издржиме без зголемувањето. Видете, мора да покажеме величина и покрај тоа што, нели, ние не сме виновни за покачувањето, туку ни го наметна Уставниот суд“, велат за АХА градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, пратеник од Левица, министер од СДСМ, и директор од ДУИ кои сакаа да останат анонимни.

Одлуката ја донесовме едногласно, а беше потврдена на тајна лидерска средба од сите племенско-партиски поглавари во Охрид, ден пред Водици, нагласуваат тие за АХА.

За начинот на распределба на овие пари кај граѓаните и назад во Буџетот, како што велат, ќе има дополнителни консултации, но потенцираат дека одлуката е дефинитивна.

АХА дознава дека на ред е донирање и на сите пари од патните трошоци што пратениците ги примаат, нели, сосема законски.

Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

плати функционери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.