Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД бараат Мицкоски да го презентира планот за приклучување на земјата кон ЕУ

0
By Marija Todorovska on January 23, 2024 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 23, 2024 10:23

„Економски стимул за побрза интеграција на регионот во ЕУ, дијалог за политичките спорови меѓу земјите од Западен Балкан, опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја каже својата алтернатива за интеграција на државата“ – овие беа главните пораки според поранешниот амбасадор Мухамед Халили од конференцијата за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан одржена во понеделник во Скопје.

– Средбата на лидерите од Западен Балкан е во функција на економскиот развој на регионот во висина од 6 милијарди евра. Стимулирањето на економскиот развој ќе придонесе за побрза ЕУ интеграција на земјите од регионот. Познато е дека застојот на политичката соработка на земјите од Западен Балкан пред се на релација Косово – Србија, како и состојбата во Босна може да придонесе на раст на тензиите во регионот и давање прилика на Русија за проширување на тензиите и во другите делови на светот а поготово на Балканот. Претседателот Бајден предупреди дека намалувањето на воената и економската помош на Украина ќе има тешки последици на Балкан, изјави Халили за „Фронтлајн“.

Пораката на помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн од конференцијата, според поранешниот дипломат Мухамед Халили – беше дека Косово и Србија да го спроведуваат договореното во Охрид, додека во Северна Македонија опозицијата да го презентира планот за приклучување на земјата кон ЕУ, ако и понатаму смета дека не се потребни уставни измени.
О’Брајaн кој на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, нагласи дека граѓаните на Северна Македонија ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго, алудирајќи на парламентарните избори на 8 мај.

– САД сакаат да ја видат Северна Македонија да стане дел од ЕУ што е можно побрзо. Сметаме дека зависи од граѓаните на Северна Македонија да решаваат за патот понатаму. Сметам дека една партија предлага пат напред и прифаќа критики затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин со којшто ќе се придвижат напред и мислам дека е правично граѓаните на државата да ја прашат таа партија за овој нон пејпер и тие да одлучат помеѓу визијата што ја знаат и помеѓу она што се дава како ветување, порача О’Брајaн.

„Фронтлајн“ ви го презентира и заедничката изјава на лидерите на шесте земји од Западен Балкан од Самитот на ЕУ во Скопје. Заедничката декларација на лидерите од регионот содржи 11 точки и се фокусира на продлабочување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и оние од Европската Унија. Во оваа изјава се потенцира преземањето реформи од страна на земјите од Западен Балкан, како и интеграцијата во ЕУ. Државите учеснички на Самитот во Скопје го гледаат „Планот за раст“ како многу добра можност за промовирање на социо-економскиот развој.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА НА ЛИДЕРИТЕ НА ДРЖАВИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН:

ЕУ Западен Балкан уставни измени Џејмс О'Брајан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.