НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германскиот Уставен суд го укина државното финансирање на десничарската партија Татковина

0
By Marija Todorovska on January 23, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На екстремно десничарската партија Татковина (Die Heimat) на шест години и е укината државна финансиска помош, а донациите за оваа партија повеќе нема да се одбиваат од даночната основа, одлучи денеска Уставниот суд во Карлсруе.

Во образложението на одлуката на Уставниот суд се наведува дека партијата Татковина „не само што не го почитува уставниот поредок на Германија, туку и активно се бори против овој поредок“.

Татковина е првата партија на која и е укината можноста за државно финансирање, а во исто време се укинати поволностите за донаторите на оваа партија.

Татковина е наследник на поранешната Национал-демократска партија на Германија (НПД), против која беше воден процес за забрана пред Уставниот суд, што беше отфрлен во 2017 година со образложение дека се работи за партија која постапува неуставно, но е премала за да може да го загрозат уставниот поредок.

По откажувањето на финансирањето на Татковина, во јавноста сега се разговара за можната примена на овој закон за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), чии делови, поради докажани неуставни активности, се под надзор на домашната тајна служба, т.е. Управа за заштита на уставниот поредок.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја поздрави пресудата на Уставниот суд.

– Денешната пресуда испраќа јасна порака: Демократска држава не ги финансира непријателите на Уставот. Одлуката доаѓа во време кога десничарскиот екстремизам е најголемата екстремистичка закана за нашата демократија. Преземаме одлучни мерки против сите оние кои подготвуваат терен за насилство од десничарските екстремисти, истакна Фезер.

Германија Германски Уставен суд десничарска партија државно финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.