Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Чашка зголемени тензиите меѓу полицијата и населението

0
By Marija Todorovska on January 23, 2024 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 23, 2024 15:34

Поради воведување паралелка на албански наставен јазик во ноември лани, наставата во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка и понатаму се бојкотира и во второто полугодие, а вчера и денеска се зголемија и тензиите меѓу локалното население и полицијата, изјави Цвета Пешовска од Советот на родители, кои наставата ја бојкотираат од  23 ноември лани.

-Целта на в.д.директорката Елена Николова се оствари, со што полицијата се сврте против народот. Тоа се и случи вчера кога велешката полиција првпат крена рака и на народот во Чашка кој мирно ја бојкотираше наставата, а со цел полицијата да и овозможи влез во училиштето на в.д директорката и двајца – тројца нејзини пулени наставниици. Со тоа тензиите уште повеќе се зголемија. Денеска беше истата приказна како вчера, со тоа што в.д директорката не се појави, туку само два-тројца нејзини наставници пулени, што ги следат нејзините наредби, а додека останатите наставници мирно протестираат со нас. Тие нејзини наставници денеска со кордони помпезно сакаа да влезат во училиштето и тогаш се створија повторно тензии меѓу народот и полицијата, при што двајца-тројца наши жители беа нападнати од полицијата, појасни Пешовска.

Воедно информира дека во училиштето  слободно секој ден па и вчера и денеска влегуваат децата од албанската паралелка во прво одделение, но настава нема. Во училиштето влегуваат и останатите 60- тина ученици со албанска националност од селата во општина Чашка, кои учат во заедничките паралелки со децата Македонци на настава на македонски јазик,н о поради тоа што нема настава тие само седат на клупите.

Пешовска најавува дека мирниот бојкот на настава продожуваи понатаму, се додека не  се исполни нивното единствено барање за укинување на паралелка на албански наставен јазик а тие ученици од оваа паралелка  да се вратат во паралелката на македонски наставен јазик со кои учеа од 1 септември.

-Не може во училиште со статут на настава на македонски наставен јазик да се формира паралелка на албански наставен јазик. Ние не сме против овие уеници Албанци  да учат со нашите деца, но тоа да биде во заеднички паралелки како што шро беше претходно, децидна е Пешовска од Советот на родите

Инаку министерот за образование Јетон Шаќири им достави допис во кој наведува дека се исполнети условите за формирање на паралелка на албански наставен јазик и бара промена на статутот на училиштето.

Пешоска информира дека попладнево жителите на Чашка и претставници на Советот на родители ќе имаат средба со началникот на СВР Велес.

бојкот на настава полиција Чашка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.