НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бешлиовска: Статусот ,,договор на дело” најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Статусот „договор на дело” најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците. И апелираме во иднина да не се вработуваат сестри под договор на дело, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ,,За нас”.

На новинарско прашање, таа се осврна на проблемот со потребата од трајно вработување на сестрите кои досега биле работно ангажирани со години, а не биле редовно вработени. Проблемот е, како што појасни, во некои институции каде што имало осум или девет медицински сестри, а условно во колективните договори постоеле места за три или четири. Тоа се решавало со барање до Министерството за информатичко општество од каде се дозволувало проширување на систематизација, но тоа бил процес што трае три до четири месеци.

-Се надевам дека нема да има манипулации при вработувањата и дека ќе се вработат редовно, тие што и досега биле работно ангажирани. Јавно се обратив, замолувајќи, на огласите, да не им се земаат местата на овие сестри што со години работеле за 12 илјади денари и навистина заслужуваат да добијат редовно вработување, нагласи таа.

Прес конференцијата на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас”, се одржа пред почетокот на трибината посветена на Унијата и здруженијата на медицински сестри, во пресрет на состанокот со Министерството за здравство и канцеларијата на СЗО.

– Добивме една експертиза од СЗО, имаме неколку нивни сугестии во правец на тоа како треба да ги поставиме работите, додаде таа.

Бешлиоска рече дека очекуваат многу работи да се сменат на подобро. За сестрите како засега неозаконета професија,  да не бидат, како што рече, марионети на секој систем и гарнитура.

-Овој закон за озаконување на сестрите и регулирање на професијата е многу важен за нас. Од Министерството за здравство ни е кажано дека многу забрзано се работи на него, ветено ни е дека законот ќе се појави во собраниска процедура.

Организирани се четири трибини за сестринската професија, денеска се реализира втората, појасни таа.

Меѓу другото, Бешлиоска рече дека незадоволството е големо, сестрите со средна стручна спрема имаат многу ниски лични доходи,  се разговарало со синдикатот и нивните плати мораат да бидат одлепени од минималниот личен доход. Таа приговори и за други проблеми со кои се соочуваат.

– Се додека го немаме законот, ние сме оставени на некој начин на милоста и немилоста на менаџерските тимови во болниците. Имаме различни правилници, различно третирање, подвлече Бешлиоска.

Таа сподели пример од болница каде менаџерскиот тим си зел за право сестрите со високо образование да не ги става да работат во дежурства, бидејќи, условно, ќе земеле многу големи лични доходи. Ама на сметка на тоа, биле оптеретувани сестрите со средна стручна спрема, со седум до девет дежурства во месецот, за да ги одделеле од минималниот личен доход и да можеле да земаат плати како што треба.

Бешлиоска договор на дело медицински сестри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.