Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК го затвори предметот за реконструкцијата на СЦ „Борис Трајковски“’, но бара нов закон за финансирање политички партии

0
By Marija Todorovska on January 26, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 26, 2024 14:44

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе достави укажување до Министерството за финансии за потребата од донесување нов закон за финансирање на политички партии, поради утврдени наоди во тек на предметот за спроведената јавна набавка од Министерството за надворешни работи поврзана со реконструкција на СЦ „Борис Трајковски“ за потребите за одржување на Самитот на ОБСЕ во ноември лани.

ДКСК денеска на седница го затвори предметот, а покрај нов закон за финансирање политички партии ќе побара постапувања и од Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Антикорупциската комисија ги анализираше наводите во јавноста поврзани со постоење клиентелистички односи помеѓу политички претставници или службени лица во одделни институции со фирмата „Еуровиа“ декларирана како донатор на политичката партија ДУИ. Од таа причина, како што рекоа, постоеја сомнежи дека во текот на постапката во МНР направени се злоупотреби од страна на службени лица со цел оваа фирма да го добие тендерот.

Според анализата на ДКСК, тендерската документација, условите кој се може да учествува како понудувач, не упатува дека постои тенденција за фаворизирање одредена фирма или дека условите се креирани за одреден економски оператор. За ова, како што рекоа, говори и фактот што четири економски оператoри доставиле понуда, но и откако Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучувала, ги оцениле доставените понуди и како најповолна останала понудата на „Еуровиа“.

Како што беше речено на седницата, се потврдиле наводите дека дел од средствата што ги добива „Еуровиа“ и од кај други државни органи се префрлени на ДУИ.

– Во случајов станува збор за правно лице кое е донатор на партијата. Законот за финансирање на политичките партии го уредува начинот, односно висината на донациите. Факт е дека во претходната постапка утврдивме повисок износ на донации, но Законот за финансирање политички партии предвидува дека фирма која има склучено договор со државни органи не може да биде донатор на политичка партија. Во случајов, тоа е занемарено уште повеќе со фактот што постои капитална поврзаност меѓу фирмите што го добиваат договорот за реконструкција на салата со фирмата која упатува донации во корист на ДУИ, наведоа од ДКСК.

Овие соменевања, како што рекоа, ги потврдиле преку изводите на капитално поврзаните фирми кои ги обезбедиле од деловните банки каде имаат отворено трансакциски сметки и се гледа како  средствата што се добиени од „Еуровиа“ преку разни трансфери од една на друга сметка завршуават на сметка на ДУИ.

До УЈП ќе биде доставено барање за даночно постапување и проверка на даночните биланси на  „Еуровиа“ и „Еуровиа холдинг“, нивните консолидирани годишни сметки поради трансфер на средства како позајмици од една на друга сметка и нивна уплата како донација на ДУИ, а со цел утврдување дали постои даночна евазија и дали тоа е согласно Законот за добивка и Законот за ДДВ. До Управата за финансиска полиција, пак, ќе се достави известување со барање за надлежно постапување и испитување на текот на парите не само во овој туку и во други случаи.

До Министерството за финансии ќе биде испратено укажување за потребата од донесување нов закон за финансирање на политички партии, како што беше речено на седницата, е наметнато од бројните проблеми, недоречености и слабости, како во Изборниот законик, така и во актуелниот Закон, а за чие усогалсување и изменување укажува и ОБСЕ/ОДИХР.

ДКСК одлучи и да достави укажување до МНР заедно со одговорните лица во писмена форма да извршат валоризација на извршената реконструкција и вградената опрема во СЦ „Борис Трајковски“, со цел сметководствено да се евидентира како зголемување на вредноста на објектот. 

ДКСК ОБСЕ СЦ „Борис Трајковски“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.