Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Северна Македонија започнува со плановите да ја воведе Европската детска гаранција

0
By Marija Todorovska on January 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 29, 2024 15:29

Сиромаштијата и социјалната исклученост оставија големи последици врз животот на децата, го отежнаа пристапот до основни услуги како што се здравствена грижа, образование, грижа за децата и квалитетно домување. Децата кои се соочуваат со сиромаштија и/или исклучување се среќаваат со поголеми пречки, бидејќи системите не се поставени за да им служат на овие деца – систематски да ги идентификуваат и децата и потребите, да стапат во контакт со нив, да ги поврзат со основните услугите и да ги следат во целиот систем.

Европската детска гаранција е механизам на ЕУ за спречување општествено исклучување на загрозените деца со тоа што им се гарантира пристап до низа клучни основни социјални услуги. Со детската гаранција треба да се осигури дека ранливите деца имаат пристап до квалитетни услуги, односно, да се определат минималните пакети на услуги за секоја група најранливи деца. Со гаранцијата, која е веќе спроведена во неколку европски држави, се воведуваат иновативни пристапи на националното буџетирање, планирање и развој на национални акциски планови за намалување на детската сиромаштија и справување со системските неповолности на особено ранливите деца. Целта и е да обезбеди ефективен пристап до основни социјални услуги за ранливите деца, како и таргетирани и специјализирани услуги соодветни и прифатливи за децата и нивните старатели на начин на кој се избегнува стигматизација и дискриминација.

„Со спроведувањето на детската гаранција во Северна Македонија ќе се воспостават и универзални и таргетирани интервенции за да им се обезбедат социјална заштита, образование и здравствена нега на најранливите деца, меѓу кои и децата на улица, децата принудени прерано да стапуваат во брак, како и деца засегнати од миграција, и пропишана со закон и врз основа на заедницата, во зависност од конкретниот контекст на детето и семејството.“ изјави Патриција ДиЏован, претставничката на УНИЦЕФ

„На овој начин исто така ќе им се помогне на националните и локалните власти да го зајакнат управувањето со јавни финансии во врска со подобро планирање, буџетирање и спроведување на буџетот за основните социјални услуги за ранливите деца – во сферата на детска и социјална заштита, здравствена грижа и образование. Со ова ќе се обезбеди чекор по чекор секое дете да добие пристап до квалитетно образование, здравствена грижа, благосостојба и заштита. И секое дете да може да го постигне целосниот потенцијал.“, забележа таа.

 

дискриминација Европска детска гаранција ранливи деца сиромаштија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.