Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ годинава предвидува раст на светската економија од 3,1 проценти

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2024 16:29

Светската економија, пред сè поради добрите перформанси на американската економија и на некои од главните брзоразвивачки земји, пред сè на Кина, годинава ќе биде подобра од очекуваното, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој сепак остана претпазливи за прогнозите за 2025 година.

ММФ ја ревидираше својата прогноза за глобален економски раст за 2024 година на 3,1 проценти, во споредба со 2,9 отсто што ги очекуваше во претходната процена објавена во октомври. Во 2025 година се очекува благ пораст на примарниот раст од 3,2 проценти, што е непроменето од претходната процена.

– Имавме пониска инфлација и истовремено поголем раст, тоа покажува дека спроведената монетарна политика функционирала, но укажува и на други фактори како што се цврстината на пазарот на трудот, забележливото релаксирање на синџирите на снабдување и падот на цената, на енергија и суровини, истакна главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуриншас на онлајн прес-конференција.

Но, каматите на централните банки сè уште се високи за борба против инфлацијата. Но, се чини дека борбата против инфлацијата дава резултати во најбогатите земји, каде што се очекува таа да падне на 2,6 отсто годинава, што е за 0,4 процентни поени помалку од предвиденото во октомври. Инфлацијата треба да се спушти до целта од два проценти во 2025 година.

Но, ситуацијата ќе биде поинаква во остатокот од светот, каде што инфлацијата паѓа побавно, па дури и побавно од очекуваното во октомври, па се прогнозира да остане на 8,1 отсто оваа година, или 0,3 процентни поени повеќе од очекуваното пред три месеци.

Сепак, борбата против инфлацијата не влијае на секоја земја на ист начин.

Во САД инфлацијата годинава ќе биде 2,1 отсто, додека земјите од еврозоната ќе забележат раст од 0,9 проценти.

Според предвидувањата на ММФ кинеската економија се подобруваат (4,6 отсто во споредба со првично очекуваните 4,2 проценти) и покрај сè уште комплицираната економска клима, додека главниот ризик во таа земја е дефлацијата.

Додека за Индија се истакнува дека ќе продолжи да бележи раст од 6,5 отсто бидејќи главните економии во Јужна Америка имаат корист од посилната од очекуваната домашна побарувачка, што ќе им овозможи да се надеваат на добри показатели за економски раст.

Единствен исклучок е Аргентина, чии прогнози се значително ревидирани надолу, па годинава се очекува рецесија од минус 2,8 отсто, додека во октомври се очекува економски раст од 2,8 проценти.

Русија, како и во 2023 година, е земја во која прогнозите се силно ревидирани нагоре, со корекција од плус 1,5 процентни поени во однос на октомври и очекуван раст од 2,6 отсто, сè уште поддржан од голем обем на јавни расходи, особено воени.

американска економија ММФ светска економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.