НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српскиот државјанин кој учествуваше во сообраќајката кај ГП Табановце ќе се јавува еднаш месечно во Судот во Куманово

0
By Marija Todorovska on February 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот државјанин кој учествуваше во сообраќајната несреќа во близина на Граничниот премин Табановце ќе се јавува еднаш во месецот во Основен суд Куманово, соопшти, Основен суд Куманово. Нему му се вратени пасошот и личната карта.

– Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово, постапувајќи по предлог на бранител на осомничениот Ѓ. Н. од Република Србија за замена на мерка на обезбедување на присуство – мерка на претпазливост на ден 26 јануари, годинава донесе решение со кое делумно го уважи барањето на бранителот на осомничениот, ги укина мерките претпазливост привремено, одземање на лична карта за преминување на државна граница, како и патна исправа, соопшти Судот.

Во информацијата од судот наведуваат дека определената мерка за претпазливост осомничениот да се јавува секој вторник и петок во Основен суд Куманово ја замени со тоа што, тој треба да се јавува секој 15-ти во месецот. Ако е 15 е неработен треба да се јави наредниот работен ден.

Против ваквото решение немаше жалба од ОЈО Куманово и решението е правосилно на ден 30.01.2024 година (вторник), патната исправа и личната карта му беа вратени на српскиот државјанин, велат од кумановскиот Суд. П

Претходно СВР Куманово информираше дека во сообраќајната несреќа што се случи на 20 јануари на автопатот Куманово-Табановце на два километри пред граничниот премин, околу 20:00 часот, учествувале три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки.

-Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

Од Обвинителството тогаш извршија увид и според нивните првични сознанија, прво настанал судир меѓу автомобилите со македонски национални ознаки, бидејќи едно од возилата влегло на автопат во недозволена насока. Откако жената излегла од автомобилот на неа налетало возилото со српски ознаки. Од здобиените повреди, кумановката починала. Обвинителството тогаш издаде наредба за обдукција на починатата и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои беа хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани биле и траги и материјални докази кои ќе се вештачат.

Куманово сообраќајка Табановце
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.