НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев во посета на Пекабеско: Царината ефикасен сервис на македонското стопанство

0
By Jane Gjorgioski on February 2, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одобренијата за царинско складирање, увоз за облагородување, стекнување на статус за одобрен извозник и статус за овластен економски оператор, се само дел од мерките што се спроведуваат се со цел зголемување на конкурентноста на македонското стопанство и зголемување на вработеноста, рече директорот на Царинска управа Стефан Богоев при посетата на македонската компанија за производство на сувомеснати производи „Пекабеско“.

Притоа Богоев додава дека многу значајно за македонските компании, вклучително и „Пекабеско“ е и мерката за признавање на белешките за мерење со Србија, а којашто се применува од вчера.
„Пекабеско на пример најмногу извезува во Босна и Херцеговина, при што почнувајќи од вчера нивните камиони се мерат на излез од Македонија и потоа дури на влез во Босна“, потенцира Богоев.

Тој притоа истакна дека континуираниот дијалог со бизнис заедницата овозможува креирање нови и унапредување на постојните мерки што се спроведуваат за олеснување на трговијата.

„Царинската управа како сервис на стопанството, преку партнерски однос со македонските компании и понатаму посветено ќе работи на реализација на конкретни мерки и проекти се со цел – заштеда на време, ресурси и трошоци за компаниите, што ќе обезбеди конкурентска предност на македонското стопанство на меѓународниот пазар, повеќе работни места и повеќе приходи во Буџетот“, истакна Богоев.

Генералниот директор на „Пекабеско“, Слободан Кутревски, истакна дека Царинската управа е најголем партнер на компанијата со којашто имаат 33 годишна соработка.

„Минатата година како вкупни давачки кон Царинската управа биле исплатени акцизи за цигари и алкохол 180 милиони денари, а за храна и ДДВ 37 милиони денари, односно некаде 220 милиони вкупно. Носители сме на неколку одобренија кои нам ни овозможуваат многу лесно да ги извршуваме обврските за увоз и извоз без големи формалности, но од друга страна имаме обврски да бидеме исправни во извршувањето на обврските“, вели Кутревски.

Тој додава дека партнерскиот однос резултира и со поголема доверба кај бизнис партнерите и можности за соработка.

Царинската управа во рамки на своите стратешки приоритети е силно посветена кон спроведување мерки за олеснување на трговијата и забрзана интеграција во ЕУ.

„Пекабеско“ Богоев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.