НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен и Национален џез оркестар

0
By Ана Василевска on February 5, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

14 февруари е датум кој се поврзува со убави нешта, денот на љубовта, денот на
виното, а годинава овој датум ќе го одбележи и еден посебен настан, концертот на
Националниот џез оркестар со според многумина, еден од најдобрите џез вокали
на овие простори, но и пошироко, Џон Илија Апелгрен. Концертот на кој ќе бидат
изведени дел од најпознатите хитови на Френк Синатра, во интерпретација на
Апелгрен, ќе се одржи во салата на Националната опера и балет, со почеток од 20
часот.

Френк Синатра се смета за „најголемиот машки поп-пејач во историјата на
Америка,“ а некои ќе речат и „најголемиот пејач на 20 век“. Неговата харизматична
појава се карактеризира со ретка комбинација на исклучителен вокал и
способност да се биде шоумен, карактеристики кои му обезбедија дури три ѕвезди
на Булеварот на славните во Холивуд за неговата работа во филмот и музиката.
На програмата ќе бидат изведени дел од најпознатите хитови на Френк Синатра,
адаптирани за изведба со биг бенд состав. На сцената Апелгрен ќе биде
придружуван од страна на членовите на Националниот џез оркестар.

Џон Илија Апелгрен е македонски џез вокалист, именуван како еден од најдобрите
вокали на овие простори и пошироко. Често пати споредуван со Нет Кинг Кол,
вокалот на Апелгрен нè потсетува на златни денови од ерата на биг бендовите.
Апелгрен зад себе има 39-годишно искуство на македонската музичка сцена од
кои 35 години како џез изведувач кој настапувал со биг бендот на МРТ, биг бендот
на ЗЏМ, и Македонската фихармонија, како и со голем број помали формациски
состави. Во текот на неговата музичка кариера има снимено повеќе од 150 џез
стандарди.

Национален џез оркестар Џон Илија Апелгрин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.