НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Огласот за инвертер клими за домаќинствата поради голем интерес се затвора попладне

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

нистерството за економија соопшти дека поради голем интерес денеска во 15:30 часот се затвора јавниот оглас за ваучери за купување на високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата. До 15 февруари останува отворен јавниот оглас за ваучери за инвертер клима уреди за ранливите категории на граѓани.

– Во архивата на Министерството за економија за само четири дена откако беа објавени јавните повици пристигнати се над 9.000 апликации по Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, (директно во Архивата на Министерството за економија и по пошта), за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000 домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства, информираат од Министерството за економија.

За доделување на ваучери за инвертер-клима уреди согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари, додека за ваучери за ранливите категории на граѓани 45.000.000 денари. За двата јавни повика вкупно се предвидени 4,1 милион евра.

Согласно јавниот оглас за ранливите категории на граѓани предвидени се ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари за лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари).

За јавниот оглас за ваучери за инвертер клима уреди за домаќинствата предвидени беа ваучер од 25.0000 денари по домаќинство за оние кои живеат на територија на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југозападниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), а ваучер од 23.000 денари беше предвиден за Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

Ваучери домаќинсктва инвертер клими субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.