Почнува издавањето на платежните картички, Ангеловска најави 28 милиони евра за 320.000 граѓани

Ова денеска го соопшти министерката за финансии која додаде дека банките ќе почнат да ги доделуваат картичките од крајот на оваа недела, а сите картички ќе треба да бидат издадени најдоцна до 18 јули и искористени најдоцна до 15 август

Бектеши: Уредба за платежните картички најдоцна до утре, за ваучерите до понеделник

Министерот за економија на денешната прес-конференција информира дека угостителските објекти со тераси ќе работат со 20 часот. За екстра лесното гориво, како што рече, сè уште нема донесено одлука и најави жалба на одлуката на Управниот суд за Иловица

Трет сет економски мерки од 355 милиони евра, вкупниот државен влог над пола милијарда евра

Третиот пакет економски мерки го најави премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција и вкупната поддршка со претходните два, како што рече, ќе достигне 550 милиони евра или 5 до 5,5 отсто од БДП и со нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници

Бектеши: Туристичките агенции ќе издаваат ваучери за пропаднатите аранжмани

Граѓаните кои уплатиле туристички аранжман, а им пропаднале поради кризата со коронавирусот, ќе добијат ваучер од туристичките агенции со важност до 31 декември во 2021 година. Ова го сооопшти министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција