НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усогласен законот на ЕУ за „зелена“ индустрија

0
By Marija Todorovska on February 7, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата со која се воспоставува рамка на мерки за зајакнување на европското индустриско производство на стоки со нето нула емисии на штетни гасови.

Регулативата, позната како „Закон за нето нула индустрија“ (НЗИА), има за цел постигнување на климатските цели на ЕУ преку користење на технологии при индустриското производство што ќе ослободуваат нулто ниво на гасови кои придонесуваат за ефектот на стаклена градина.

Според министерот за економија, иновации, работа, социјална економија и земјоделство на белгискиот регион Фландрија, Џо Браунс, овој закон има за цел да ја поддржи транзицијата на европската индустрија.

НЗИА претставува важен чекор кон создавањето на потребниот екосистем за зајакнување на производството на чисти технологии. Европа го започна патот кон почиста и одржлива иднина за европската индустрија. Сега созреа времето Европа да го поврати водството на глобалната сцена за чисти технологии и да изгради конкурентен, зелен и индустриски сектор што создава работни места, нагласи Браунс.

Законот има за цел да го поттикне инвестирањето во зелени технологии, со поедноставување на процедурите за добивање дозволи, поддршка на стратешки проекти, олеснет пристапот до пазарот за стратешки технолошки производи, подобрување на вештините на европската работна сила и со создавање платформа за координирање на активностите на ниво на ЕУ.

Регулативата предвидува 40 отсто од потребите на ЕУ за стратешки технолошки производи, како соларни фотоволтаични панели, турбини на ветер, батерии и топлински пумпи, да се задоволуваат од европското производство, како и складирање на најмалку 50 милиони тони јаглерод диоксид годишно до 2030 година.

Договорената верзија на законот превидува производствените проекти кои имаат поголем потенцијал за декарбонизација да имаат статус на „стратешки проекти со нето нула технологија“ со што би имале полесен пристап до градежни дозволи или пристап до финансии.

Регулативата предвидува и развојот на „нето нула индустриски долини“, како зони на кои би се концентрирале неколку компании што користат одредена технологија, со што би се создале „кластери на нето нула индустриска активност“. Со ова се очекува да се зголеми атрактивноста на ЕУ како место за производствени активности и да се придонесе за реиндустријализација на одредени региони.

Исто така, меѓу другото, со законот се поттикнуваат органите на власта да набавуваат стоки, производи и услуги добиени со нето нула технологија, како и да го одредуваат придонесот за одржливост на животната средина како задолжителен минимален услов при јавните набавки.

„Законот за нето нула индустрија“, заедно со Законот за критични суровини и со реформите на пазарот на електрична енергија, се трите клучни законодавни иницијативи на индустрискиот план во рамки на Европскиот зелен договор, чија цел е подобрување на конкурентноста на европската индустрија со нето нула емисии на штетни гасови и за поддршка на побрзата транзиција кон климатската неутралност.

ЕУ зелена индустрија Штетни гасови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.