Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АСОМ и АПИС го изразија својот револт пред законодавниот дом од носењето на Законот за игрите на среќа

0
By Marija Todorovska on February 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 7, 2024 12:31

Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) денеска на протест пред законодавниот дом повторно го изразија својот револт од усвојувањето на законот, за кој пратениците на пленарна седница треба да се изјаснат во врска со измените на Законот за игрите на среќа.

Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии, како и да бидат оддалечени од училиштата најмалку 500 метри.

Горан Стојменов, претставник на АПИС, вели одредбата за дистанцирање на објектите на игри на среќа не е за заштита на младината, како што тврдат од Владата, туку како што рече станува збор за предизборен популизам.

– Пратениците кои решиле да ги гласаат овие измени, нека си го псотават прашањето – каква заштита може да обезбеди дистанцата кога државата веќе преку четири друштва организира онлајн игри на среќа со кои младите непосредно се изложени на постојан ризик преку достапност на интернет секаде и во секое време, рече Стојменов.

Додава дека затворањето на објектите ќе предизвика никнување на диви играчници.

Со гласањето „за“, Стојменов вели се доведуваат до прашање 10.000 вработени во секторот игри на среќа.

– Срамно е да се тврди дека пратениците се залагаат за полноправно членство во ЕУ, кога со злоупотреба на тоа знаме, со антидемократски и антиевропски манипулации се истуркуваат законски измени кои ќе го затворат најголемиот приватен работодавец во Македонија, рече Стојменов.

Ќе водиме правна битка, вели Стојменов, ќе следат тужби за како што рече, нанесени астрономски оштети, како и иницијатива пред Уставниот суд.

Претседателот на АСОМ, Васко Илиевски вели законот не решава ниту еден проблем поврзан со игрите на среќа, а последиците од ваквите измени ќе бидат трајни и како што рече илјадници луѓе ќе ги изгубат своите работни места.

Тој упати апел до претседателот Стево Пендаровски да не го потпише овој закон, доколку пратениците го изгласаат.

– Доколку овој штетен закон се изгласа, сите нашо напори ќе влезат во историјата, а сите овие луѓе што ги гледате зад мене, но и многу повеќе од нив ќе останат без работа. Затоа сега вие сте на потег, веќе изјавивте дека нема да го потпишете Законот за игри на среќа, кој што се носи со злоупотреба на европското знаменце, за кој што е јасно дека не постои европска директива. По ова прашање се изјаснија сите ЕУ претставници и не постои ниту една причина зошто се носи овој закон со европско знаменце, посочи Илиевски.

АПИС АСОМ Игри на среќа протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.