Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Валентински стенд-ап во Бруталиск со Софија Ристевска – Петрушева

0
By Ана Василевска on February 13, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 13, 2024 12:22

Оваа среда во 20 часот во КЦ Бруталиск се одржува стенд-ап шоу по посебен повод – денот на вљубените со Софија Ристевска – Петрушева. На барање на публиката, таа повторно доаѓа да зборува за љубовта, сексот, врските пред публиката која ја остави воодушевена на својот претходен настап.

Софија е битолска режисерка, активистка и стенд-ап комичарка која што зад себе има богата кариера со претстави со домашни и странски театри, а релативно скромна бројка на стенд-ап настапи. А, прашање е во што е подобра, бидејќи, ако театарската критика е со пофалби за нејзините претстави, тогаш треба да види и што Софија може да направи пред микрофон!

Таа веќе долги години работи во Битолски Театар каде последна ја режираше „Вујко Вања“ од Чехов во јануари 2024, а има режирано претстави во Охридски, Велешки и други театри во регионот каде нејзините претстави се наградувани. Се образувала на НАТФИС, Софија и УУ, Белград.

Основачка е на Интимен Театар од Битола – платформа за учество на локалната заедница во современиот театар. Сопственичка е на дом за стари лица, мајка на Трена и сопруга на колегата Спасе. Темите за кои што зборува во своите стенд-ап настапи се лични искуства и нејзини гледања кон светот околу неа, а прашањата кои ги отвора се машко-женските улоги во општеството, љубовта и сексот, родителството и смртта, испреплетени со хуморот на препознатливиот конзулски шеретлук.

Досега двапати има настапувано на феминистичкиот фестивал „Прво па Женско“, како и на други активистички собири, а нејзиниот последен настап беше нејзиниот предновогодишен феминистички стенд-ап во Бруталиск каде ја воодушеви публиката на чие барање повторно се враќа со настап во Скопје.

КЦ Бруталиск се наоѓа на бул. Илинден 38 во близина на зградата на Владата. Билети по цена од 300 денари можат да се купат секој ден во Бруталиск, или онлајн на:
https://drugastrana.mk/event/valentine-ss/

Бруталиск Стенд ап
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 11, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

ВЕСТИ August 11, 2026

Периодите на екстремна топлина стануваат сè почести, поинтензивни и подолготрајни, бидејќи климатските промени ја затоплуваат…

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026

Колумбија: Разорен земјотрес од 7.4 степени – голем број настрадани

August 10, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.