Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжи наставата во Чашка, 178 основци се вратија во училишните клупи

0
By Marija Todorovska on February 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 14, 2024 12:48

Во ООУ„Тодор Јанев“ во Чашка од утрово продолжи наставата и 178 ученици од прво до деветто одделение  се во клупите, по прекинот и бојкотот на наставата од страна на нивните родители од 23 ноември лани, поради формирање на паралелка на албански наставен јазик.

Од Советот на родители Цвета Пешова за МИА информира дека тие се задоволни од вчера донесената одлука на Владата, согласно која, како што рече, петте деца од прво одделение од новоформраната паралелка по албански јазик ќе учат во просторија во ООУ„Тодор Јанев“, но тие и нивиот наставник ќе бидат запишани во друго училиште во општината каде наставата се изведува на албански наставен јазик. Во меѓувреме за овие деца ќе се гради ново монтажно училиште во селото Бањица, кое треба да биде готово во текот на оваа календарска година.

Останатите 58 ученици од албанска националност од второ до деветто одделение од ООУ „Тодор Јанев“, како и досега повторно ќе учат во паралелките на македонски јазик.

Инаку, со донесената одлука ингеренциите на училиштето од МОН повторно ги превзема локалната власт на Општина Чашка, која ја разреши досегашната в.д директорка Елена Николова, а за нов в.д директор го назначи  Бојан Ѓорѓиев, магистер по менаџмент во образование, кој досега бил одделенски наставник во ова училиште.

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, кој денеска беше на увид на новоизграденото основно училиште „Визбегово“, во Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање потсети дека вчера беше донесена одлука за формирање на ново училиште во Чашка, кое е решение, а кое го побарале граѓаните.

– Ние како Влада ја сменивме програмата во МОН, за да ставиме дополнително финансирање и сметам дека со тоа конечно ќе го решиме уставно загарантираното право за секое дете да учи на јазикот кој го зборува, истакна Битиќи.

ООУ Тодор Јанев паралелка на албански јазик Чашка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.