„Не сакам да се мешам во тоа што се случува во Алијанса за албанците, затоа што тоа е внатрешна работа на партијата. Објаснувањето на сегашниот премиер Џафери , а и законот кажува дека врз основа на пржинскиот договор, точно се знае колку министри и дополнителни заменици министри одат во опозицијата, и можат да партиципираат во техничката влада. А самите министри рекле дека ке дејствуваат оопозиционо. Ние гласавме за мандатар кој ке ги предложува министрите. По негово барање беше двајцата министри од Алијанса бидат разрешени. Бидејќи сами се изјасниле дека ќе делуваат опозиционо, испаѓа дека, го кршиме законот доколку не бидат сменети. Навистина незнам зошто би била главната кауза на една партија да биде да уништи друга партија. Нашата заедничка кауза на сите треба да биде да направиме подобро место за живеење во оваа држава за сите граѓани,“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Тој изрази уверување дека ќе биде потполнето местото на членот на ДИК, како и дека секогаш кога СДСМ организира избори тие се фер и демократски.