НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните најмногу загрижени за злоупотреба на личните податоци

0
By Marija Todorovska on February 22, 2024 ВЕСТИ
Фото: businessinsider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приближно три четвртини или 72,5 отсто од граѓаните во државата преземаат мерки на безбедност при користење интернет на нивните уреди. Осумдесет проценти од нив користат анти-вирусна програма, најмногу оние со повисок степен на образование, мажите од жените, како и оние на возраст од 35 до 55 години.

Ова го покажуваат денеска објавените резултати од анкетата за јавно мислење на граѓаните на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRТ при  Агенцијата за електронски комуникации, споведена во периодот од 20 октомври до 6 ноември минатата година со употреба на CAPI метода – теренско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1400 испитаници.

-Приближно три четвртини или 72,5 отсто од испитаниците се изјасниле дека преземаат мерки на безбедност при користење на нивните уреди. Најголем дел или 80,0 проценти од испитаниците кои преземаат мерки за безбедност, користат анти-вирусна програма. Доколку се земат сите испитаници во предвид, 58 проценти користат антивирусна програма, се вели во информацијата од АЕК.

Најголем дел или 86,5 отсто од испитаниците ги ажурираат програмите, апликациите и оперативните системи на нивните уреди. Помладите испитаници и оние со повисок степен на образование, во поголем процент вршат ажурирање на нивните уреди.

Во однос на ажурирањето, како што се наведува во анкетата, кај повеќе од една третина или 37,1 проценти уредот е постојано вклучен на auto-update, додека околу 45 отсто, ги прифаќаат ажурирањата откако целосно или делумно ќе ги прочитаат условите.

Нешто повеќе од три четвртини или 78,6 проценти од граѓаните користат лозинка за пристап на уредите што ги користат. Ова е повеќе случај кај помладите и кај оние со повисок степен на образование. Околу 20 проценти не можат, односно не знаат да препознаат сигурна лозинка.

-Приближно половина од испитаниците, 48,4 проценти, ги помнат лозинките и не ги запишуваат, додека околу една третина ги запишува физички во тетратка или пак ги чува во компјутер или мобилен телефон. Дополнително, 15 отсто од испитаниците ја чуваат лозинката за најава на веб-прелистувачот, покажува анкетата.

Испитаниците најмногу користат интернет на нивниот мобилен уред, околу 99 проценти, и на компјутер 75,4 проценти, при што повозрасните  и оние со понизок степен на образование, помалку употребуваат компјутер и друг вид на уреди за пристапување на интернет како што се таблет и телевизор.

На мобилен телефон, интернетот најмногу се користи за социјални мрежи – 89,7 проценти и онлајн комуникација и видео повици – 46,1 проценти, за забава интернет на телефонот користат 51 проценти од граѓаните, додека 60,6 проценти користат е-банкинг.

-Злоупотребата на личните податоци најмногу ги загрижува испитаниците при користење на интернет активности, одговор кој го дале нешто повеќе од половина или 53,4 проценти. Неможноста за физичка проверка на производите е втор најважен фактор кој предизвикува загриженост кај испитаниците, одговор кој го дале 48,1 отсто од нив, додека безбедноста при онлајн плаќање предизвикува загриженост кај 40,1 отсто од испитаниците. Приближно 11 отсто од испитаниците ништо не ги загрижува при користење на интернет за активности како купување на производи или ебанкинг, се вели во резултатите од анкетата.

Како што се наведува, постојат одредени разлики во факторите кои предизвикуваат загриженост во врска со користењето на интернет во поглед на возраста и степенот на образование, имено помладите и повозрасните испитаници се помалку загрижени, исто како и оние со понизок степен на образование во споредба со оние со повисок степен на образование.

Анкетата е спроведена преку теренско анкетирање и претставува репрезентативен примерок на ниво на целата држава во однос на регион, пол, возраст и ниво на образование согласно податоците добиени од последниот попис на населението од Државниот завод за статистика извршен 2021 година.

АЕК истражување лични податоци сајбер безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.