Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наташа Дукоска: Лефти и Рајти ќе оживеат во анимиран филм, мотивот ми е поубаво обликување на детскиот свет

0
By Marija Todorovska on February 23, 2024 ИЗБОР, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 23, 2024 12:46
Другарството, солидарноста и вредноста на навидум обичните нешта, се пораките кои преку авантурите на „облеките што зборуваат“ од ликовите Лефти и Рајти, за брзо време ја освоија детската љубопитност. Сликовницата „Лефти и Рајти“ на Наташа Дукоска во издание на „Чудна шума“ оживеа и во претстава која по неколку изведби, на барање на децата, викендов, сабота и недела во 13 часот ќе гостува во Ист гејт мол. Во разговорот со Дукоска, за нашата редакција таа открива дека приказните на Лефти и Рајти ќе бидат екранизирани и во анимиран филм.

Многугодишното искуство на Дукоска во областа на комуникациите и адвертајзингот и неизмерната љубов кон фантазијата и детскиот свет се приближно формулата од која се родија „Лефти и Рајти“, за како што вели таа да помогнат во создавање на посреќни деца а подоцна и возрасни кои ќе можат да ја обојат и разиграат оваа веќе се посива и многу сериозна планета.

Трн: Публикувањето на сликовницата со ликовите Лефти и Рајти, облеките кои зборуваат и истовремено едуцираат,  за краток период ги освои децата. Ликовите оживеаа и во детска претстава. Како го креиравте светот на Лефти и Рајти?

Наташа: Да, замислете си како во светот на облеките, облеките живеат, седат во плакарот, си раскажуваат што им се случило доколку излегле тој ден, некои од нив има и што спортуваат, други се за „фрцкање” само за родендени и свечени прилики. Сите тие имаат различни перспективи и карактери. Најдоброто нешто е што на децата ги освои овој нов свет. Тоа е најдобриот дел! Лефти и Рајти си имаат свои обожаватели и самата перспектива дека облеките треба да се чуваат и да се диплат, како што слушнав од родителите, веќе функционира.

Трн: Во време на брза технологија која за жал е присутна во животот на децата од најрана возраст, колку може и мора да се влијае на детскиот развој со похумани медиуми, како сликовници, претстави. а истовремено да се следи некој актуелен интерес што може да им го задржи вниманието?

Наташа: Преку приказни и изградени ликови во целост, пред децата се отвора еден бесконечен нов свет. Се буди фантазијата а креaтивноста се стимулира. Се разбира тоа значи продлабочување на детските виуги потребни за кое било креативно решавање на проблеми или критичко размислување. Мултимедијалниот пристап е неизбежен и потребен, затоа и посакував анимирање на целата приказна, преплетена со креативност, хумор и авантура.

Трн: За што зборуваат Лефти и Рајти, односно на кој начин ги насочуваат децата да размислуваат хумано, праведно?

Наташа: Лефти и Рајти зборуваат за другарство, зборуваат за солидaрност, но и жед за авантура, игра и забава. Не тргнав од моментот што е модерно да се зборува деновиве, која тема ќе им се допадне на возрасните, туку што е тоа што ќе ги заинтересира децата и ќе им даде оддишка од светот кој станува сè посив и многу сериозен. Лефти и Рајти се тука да ни потврдат колку се прекрасни некои работи кои за кои сметаме дека се неважни, односно ги земаме здраво за готово: да имаме дом, да одиме на сладолед, па дури и во градинка, да одиме во парк.. едноставни работи, кои ни потврдуваат колку треба да сме благодарни. А благодарни деца или возрасни значи среќни луѓе и со тоа посреќни и поздрави општества.

Трн: Освен сликовница и претстава, дали размислувате овие ликови да оживеат и во некој друг медиум?

Наташа: Да, друг медиум се наметнува, бидејќи јас ги гледам ликовите, ги знам нивните карактери, нивната болка и нивната желба. Анимиран филм за Лефти и Рајти е еден сон, кој полека се остварува. Заинтересирана продукција веќе го подготвува анимираниот проект, кој се надеваме дека ќе го завршиме до крајот на годината. Е тогаш ќе има пукање на детски шампањ, особено ако видиме детски очиња кои гледаат љубопитно во екранот!

Редакција Трн
анимиран филм Лефти и Рајти Наташа Дуковска Сликовници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.