НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аукција на личните работи на Елтон Џон: Сребреникавите чизми продадени за околу 92.000евра

0
By Marija Todorovska on February 23, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сребреникавите чизми со монограм на Елтон Џон достигнаа скоро 100.000 долари (околу 92.000 евра), а триптихот од уличниот уметник Бенкси – околу два милиони долари (околу 1,85 милиони евра) на наддавањето на „Сотби’с“ во Њујорк, САД. Сѐ на сѐ, личните предмети на музичарот се продадени за речиси 7,4 милиони евра.

Додека колекционерите наддаваа на вчерашната аукција, клавирот на Џон достигна цена од повеќе од 200.000 долари, а очилата за сонце – можеби клучни во препознатливиот изглед на пејачот, најдоа купувач за 22.680 долари, 10 пати повеќе од првичната проценка. Повеќето од предметите доаѓаат од неговиот луксузен дом во Атланта, Џорџија, што Џон и неговиот сопруг неодамна го продадоа. Со дела и од уметниците Кит Харинг, Енди Ворхол, Роберт Меплторп и Ричард Аведон, поп-пејачот го демонстрира вкусот за современа уметност, велат познавачите.

Аукциската куќа спроведува серија од осум продажби до 28 февруари, со присуство и онлајн.

Наддавањата за личните предмети и колекции на ѕвезди од поп-културата станаа редовeн настан на врвните светски аукциски куќи. Минатиот септември, на пр., илјадници предмети на починатиот пејач на „Квин“ – Фреди Меркјури, беа продадени за 40 милиони фунти (околу 46,3 милиони евра).

Елтон Џон (77), познат по хитовите „Your Song“, „Rocket Man“ и „Sacrifice“, по раскошните костими и сценски настапи и посветеноста во борбата против ХИВ – СИДА, минатата година ја заврши својата проштална турнеја.

аукција Елтон Џон СИДА ХИВ чизми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.