НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: На 8 мај граѓаните се тие кои ќе кажат кои се предлозите што ги сакаат

0
By Marija Todorovska on February 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во наредните 80-тина дена ќе слушнеме многу предлози, но не би ги коментирал, бидејќи на 8 мај граѓаните ќе кажат кои се предлозите што ги сакаат, вели претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и поранешен премиер Димитар Ковачевски прашан дали на ниво на партија разговарале за предлогот на Али Ахмети и Арбен Таравари изборот на претседател да биде во Собранието.

– Во однос на она што го изјавуваат сега политичарите ќе видиме многу измени и затоа нема да ги коментирам. Сега се наоѓаме веќе практично во изборна кампања, сите ќе даваат одредени ветувања, дел ќе предлагаат предлози што не зависат само од нив, на пример ако зборувате за промена на Устав, тоа зависи од две третини, така што не би ги коментирал. Во наредните 80-тина дена ќе слушнеме многу предлози што на крајот на денот на 8 мај, граѓаните ќе кажат кои се тие предлози што ги сакаат, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Киел Македонија“ во Желино.

Прашан дали во рамки на СДСМ се разговарало евентуално за промена на системот за избор на претседател, кажа дека досега тоа не било предмет на разговори во партијата.

Во однос на коалицирањето на СДСМ, рече дека ќе предводи коалиција, којашто ќе ја сочинуваат политички партии со исти вредности, а тоа е зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, исполнувањето на обврските од членството во НАТО и градење на општество според стандардите што ги имаат земјите членки на ЕУ.

– Сите политички партии коишто сакаат да бидат дел од коалиција која дели такви вредности, ќе бидат со нас. Дел од политичките партии можеби и делат исти такви вредности, меѓутоа ќе одлучат согласно со нивните калкулации да одат на избори сами или во други коалиции, меѓутоа тоа е убавината на едно демократско општество секој да може да оди на избори така како што ќе одлучи, рече Ковачевски.

Прашан дали дефинитивно нема да има коалиција со ДУИ, тој наведе дека одлуките во СДСМ се носат во телата на партијата и кога органите на партијата ќе ги донесат одлуките, тогаш ќе бидат соопштени.

Нагласи дека очекува да има цензус во вториот круг од претседателските избори и оти не е запознаен со изјавата на Артан Груби од ДУИ дека би дале поддршка и за ВМРО-ДПМНЕ  и за СДСМ ако се смени Уставот за да влезат Бугарите во него и ако биде прифатено нивното барање за пчретседател да се гласа во Собранието.

Во однос на тоа дали освен актуелниот претседател Стево Пендаровски, има и други потенцијални кандидати за претседател од СДСМ, Ковачевски рече дека Пендаровски е сериозен кандидат, но и дека процедурата во партијата се уште не е завршена.

– Раководството на партијата веќе одржа состанок. Бидејќи тоа е орган којшто не носи одлуки, туку ги предлага ставовите до Извршниот и до Централниот одбор. Тие ќе ја донесат одлуката во однос на тоа кој ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ и на коалиционите партнери на претстојните избори, а тие состаноци ќе бидат во текот на наредните денови согласно со статутарните одредби и правилникот и роковникот за предлагање кандидат за претседател, рече Ковачевски.

8 мај Димитар Ковачевски Избори 2024 СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.