НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Билјана Ванковска е прогласена за балкански „трол“ поради ширење на омраза кон Албанците

0
By Marija Todorovska on February 27, 2024 ВЕСТИ
Илустрација: Порталб.мк
Илустрација: Порталб.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Балканскиот трол на месецот е поединец, група на поединци или медиум кој шири омраза врз основа на полот, етничката припадност, религијата или други категории на различност. „Балканскиот трол“ се избира врз основа на случаите на говор на омраза идентификувани низ регионот на Западен Балкан од регионалната мрежа против говор на омраза „Reporting Media Diversity (RDN)“, пренесува Порталб.мк.

Билјана Ванковска, која е подржана од исто така антиалбанската партија „Левица“, и која собира потписи за да се кандидира за претседател на Република Северна Македонија, оваа титула ја доби поради нејзините реакции на Фејсбук во врска со случајот со нападот во националниот давател на воздухопловни услуги, АД „М-НАВ“.

Таа изјави дека „некој треба да лета оттука, со клоци! А не да слави роденден во некое владино министерство!“. Ова е фрлена ракавица особено во лицето на нашите сограѓани Албанци! Да видиме дали се спремни да се соочат со таква закана за јавната безбедност и здравиот разум!“

„Иако е нејзино право да ги критикува ваквите акти на насилство, Ванковска инсинуираше дека Албанците мора да реагираат и да сносат одговорност за постапките на поединци и на партиските претставници. Обвинувањето на цела етничка група за постапките на поединци е неправедно и може да биде доста опасно, особено во мултиетничка земја како Северна Македонија. Пренесувањето на одговорноста од авторите и институциите врз албанското малцинство е крајно штетно за демократските вредности и односите меѓу различните етнички групи во земјата. Освен тоа, реториката што ја повторува Билјана Ванковска може да биде штетна за и онака кревките меѓуетнички односи во Северна Македонија, со што го попречува мирниот соживот“, пишува RDN.

Како што пишува RDN, ова не е првпат професорката Ванковска да користи ваква поттикнувачка реторика.

„Една универзитетска професорка која шири етничка омраза на социјалните мрежи ги поткопува академските вредности, ја нагризува довербата и поттикнува атмосфера на поделеност спротивна на принципите на високото образование. Покрај тоа, поттикнува ширење на етничка омраза меѓу членовите на општеството“, пишува RDN.

Ванковска во јавноста е позната по националистичките ставови против Албанците

Билјана Ванковска, на денот на несреќата кај Ласкарци во која што животот го изгубија 16 лица,  преку социјалната мрежа Фејсбук сподели статус „Каква трагедија и иронија: Карпалак”, кој беше оценет како говор на омраза бидејќи несреќата ја поврза со конфликтот од 2001 година во Карпалак, во кој од формации на ОНА загинаа 10 војници на македонската армија.

За статусот на Ванковска тогаш веднаш реагираше министерот за образование и наука, Арбер Адеми кој од надлежните органи, но и од академската фела побара веднаш да реагираат за овој случај. Против речникот на универзитетската професорка, активистот за човековите права Aлберт Хани тогаш покрена и петиција.

Но, и покрај говорот на омраза за Ласкарци, обвинителството не ја гонеше кривично.

Инаку, иако говорот на омраза или поттикнувањето говор на омраза во Македонија е кривично дело, со години никој не е казнет. Кривичниот суд Скопје казнил парично само две лица за говор на омраза. Бројот на казни е прилично мал.

Преземено: МЕТА.МК

Билјана Ванковска говор на омраза Левица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.