НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет го усвои Акцискиот план за спроведување на препораките на ЕУ

0
By Marija Todorovska on February 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет денеска ја одржа 480. седница на која го усвои Акцискиот план за спроведување на препораките на Европската унија упатени до Советот.

Европската унија има упатено вкупно 17 препораки до Судскиот совет, од кои пет се во насока на избори и именувања во Советот, една препорака во делот на дисциплинските постапки, девет во делот на транспарентноста и комуникацијата, како и две препораки во делот на ресурси и финансии.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева истакна дека целта и патоказот за понатамошното движење на Судскиот совет е во насока на зацврстување на угледот на Советот и затоа, како што рече, Акцискиот план бил работен многу интензивно откога веќе го имале извештајот на Оценската мисија.

– Ова е еден од основните елементи, што ќе значат патоказ понатаму како сакаме да се движиме и дали на некој начин Судскиот совет да го зацврстува угледот, не викам дека го нема, но да го зајакнува својот углед, рече Дамева.

Според Антоанета Димовска, државата не го обезбедува потребниот буџет и судството зависи од проекти коишто по одреден временски период завршуваат и затоа, како што рече, тие немаат одржливост и поради тоа се бележат негативни поени во судството.

Селим Адеми, во расправата рече дека Советот треба да работи врз основа на закон и Устав, без разлика како тоа ќе го сфати јавноста.

– Без разлика дали јавноста ќе не критикува дека ние се бориме за поголеми плати на судиите, дека другите имаат мали плати, тоа е друг проблем, ние не сме надлежни за тоа. Ние овде да го почитуваме законот и Уставот, не да им влеваме доверба на граѓаните. За доверба на граѓаните ќе трчаат политичарите од врата на врата. Ние треба да бидеме јавни и транспарентни во тоа што го работиме без разлика како ќе не цени јавноста, рече Адеми.

На денешната седница на Судскиот совет има девет точки на дневен ред. Меѓу нив се и утврдувањето на престанок на судиска функција поради исполнување услови за старосна пензија, избор на судии поротници на Основниот кривичен суд Скопје и Основниот суд Гевгелија, разгледување на извештаите за четвртото тримесечје за работата на судовите, разгледување на прашањето за начинот на постапување на Советот по донесувањето на Одлуката на Собранието за распишување на претседателски и парламентарни избори, а во врска со објавен оглас за избор на членови на Судскиот совет….

Акциски план Препораки на ЕУ Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.