Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:
Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши.
Одбија да го прифатат предлог-законот наш на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства.
Граѓаните добија уште едно признание – во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши
Се поставува прашањето зошто тоа го направија? Затоа што пола влада требаше веднаш да си замине. Може целата влада да биде составена од луѓе кои во џебот имаат бугарски пасоши, ама Бугари во Уставот, тоа не може.
Какво лицемерие и какво лажење на сопствените граѓани. Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата.
Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет, јазикот и културата.
Понатаму признаа дека благодарение на НАТО нашата безбедност е гарантирана и тоа придонесува за подобра бизнис-клима.
И сега дојде време за уште едно признание, дека Мицкоски има влада полна со луѓе со бугарски пасоши и бугарски државјанства.
Со години ширеа хистерија, ширеа страв и ги лажеа граѓаните дека е загрозен нашиот национален идентитет. Токму од овие луѓе кои, замислете, во џебовите имаат бугарски пасоши.
Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори, цела мрежа на функционери на ВМРО-организираната криминална група со бугарски пасоши со години продава лажен патриотизам, додека тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства. И додека ја држат Македонија во изолација и намерно создаваат конфликти со соседите, си ја обезбедиле само за себе својата европска иднина.
Одбивањето да се прифати овој предлог-закон на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика. Овие луѓе на власт повеќе никој не може да ги излаже.
Со внесувањето на Бугарите и другите малцинства во Уставот се зајакнува нашиот национален идентитет, сите идентитетски одредници, бидејќи тогаш е јасна дистинкцијата помеѓу македонскиот народ и бугарското малцинство кое живее тука.
Ова е последната работа што Мицкоски треба да ја признае.
Да повторам: организираната криминална група на ВМРО на чело со Христијан Мицкоски го призна Преспанскиот договор како ремек-дело, Тимчо Муцунски признал дека НАТО е феноменална работа и за безбедноста на земјата и за бизнис-климата, а Гордана Сиљановска дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се заштитени и тоа е веќе апсолвирана работа.
Ајде сега сите, јасно и гласно, нека признаат дека сето тоа што со години на наназад ни го говореа беше една лажна пропаганда, само за да дојдат на власт, а Македонија да не може да го продолжи европскиот пат.
Замислете, не даваат малцинства да влезат во Уставот. ВМРО е една единица мерка за лага и за лицемерие, но граѓаните веќе ја знаат вистината.
Замислете го лицемерието – најгласни против Европа се оние кои ја обезбедиле Европа за себе и за своите семејства.
Затоа, како што вели Мицкоски, оваа промакедонска партија не може да биде македонска со бугарски пасоши. Затоа што ова не се политичари кои се грижат за доброто на државата и граѓаните, туку политички туристи со европски пасоши кои функциите ги држат за лично богатење.
Доста е со лагите и доста е со лицемерието.
Малцинства во Уставот треба да се случат час поскоро. Реформи сега и Европа сега.
Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот
Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, тоа е дека во Владата врие од луѓе со бугарски пасоши – какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека токму одбивањето на ВМРО да го поддржи предлог-законот на СДСМ за забрана на двојни државјанства за функционери е потврда за сето ова.
Одбија да го прифатат предлог-законот наш на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со кој премиерот, вицепремиерите, министрите, членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Се поставува прашањето зошто тоа го направија, затоа што пола Влада требаше веднаш да си замине. Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во Владата врие од луѓе со бугарски пасоши, рече Филипче.
Во тој контекст, Филипче додаде дека Владата на ВМРО има двојни стандарди кога станува збор за односот кон Бугарите во Уставот и функционерите со бугарски пасоши.
„Може целата Влада да биде составена од луѓе кои што во џебот имаат бугарски пасоши, ама Бугари во Уставот, е тоа не може“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека власта со години шири страв и манипулира со темата за националниот идентитет, иако највисоките функционри на ВМРО признаа дека клучните државни договори и стратешки определби се исправни.
Какво лицемерие и какво лажење на сопствените граѓани. Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата. Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет, јазикот, културата. Па признаа дека благодарение на НАТО, нашата безбедност е гарантирана и тоа придонесува за подобра бизнис клима. И сега дојде време за уште едно признание, дека Мицкоски има влада полна со луѓе со бугарски пасоши и бугарски државјанства, рече Филипче.
Тие со бугарски пасоши во џебовите со години ги лажеа граѓаните дека е загрозен македонскиот идентитет
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека власта на ВМРО со години ги лажеше граѓаните дека е загрозен македонскиот идентитет, додека нивните функционери вријат со бугарски пасоши.
„Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Со години ширеа хистерија, ширеа страв и ги лажеа граѓаните дека е загрозен нашиот национален идентитет. Токму од овие луѓе кои, замислете, во џебовите имаат бугарски пасоши.“, обвини Филипче.
Филипче посочи дека, во власта постои широка структура на функционери со бугарски пасоши.
Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори, цела мрежа на функционери на ВМРО-организираната криминална група со бугарски пасоши со години продава лажен патриотизам, додека тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства., потенцираше претседателот на СДСМ.
Филипче обвини дека одбивањето на предлог-закон за двојни државјанства ја разобличува оваа криминална власт.
Одбија да го прифатат предлог законот на СДСМ со кој премиерот на Македонија, вицепремиерите, министрите, членовите на владата, не би можеле да имаат двојни државјанства. Се поставува прашањето зашто тоа го направија. Затоа што пола влада требаше веднаш да си замине. Одбивањето да се прифати овој предлог-закон на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика, потенцираше Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека краците на финансиското, политичко и медиумско влијание кои потекнуваат од Орбан и Вучиќ и водат до Мицкоски ќе бидат демонтирани.
Филипче нагласи дека постои силна пропагандна мрежа и политички влијанија во регионот, кои се свесни што прави оваа власт која не држи намерно како слепо црево тука на Балканот и сето тоа за лично богатење.
Христијан е контролиран и од Вучиќ и од Орбан. Пропагандата која ја водат орбановите медиуми, црната кампања, практично пропаганда, која има манир на гебелсова пропаганда, која води потекло од Орбан, преку Вучиќ во Србија и тука кај нас, рече Филипче.
Граѓаните беа излажани дека оваа власт, тогаш кога беше опозиција, е вистинска патриотска опција, дека се бори за интересите на граѓаните, дека СДСМ ги загрозила националните интереси и сето тоа со една силна црна кампања, практично пропаганда којашто ги има манирот на Гебелсова пропаганда којашто води потекло од Орбан преку Вучиќ во Србија и тука кај нас, додаде тој.
Еве гледајте ги како се занимаваат овие луѓе во нивните земји и што правеа: поделба на луѓето, ширење на говор на омраза, стварање на вештачки непријатели, вештачки кризи. Тоа е копи-пејст системот што го прави Мицкоски – го копира Вучиќ, го копира Орбан. Еве што прави Петар Маџар го демонтира тој систем. Тие краци кои по секоја основа, финансиската, во делот на кредитите, бизнисот и медиумите, водат до Христијан Мицкоски, ќе се демонтираат и кај нас. Ќе се ослободи земјата, ќе се ослободи и медиумскиот простор, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.




