Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екипи на Омбудсманот наоѓале готови документи на граѓани, Зибери апелира МВР да биде поефикасно

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 1, 2024 14:03

Народниот правобранител му укажува на Министерството за внатрешни работи да се реорганизира за да го нормализира издавањето готови лични документи на граѓаните кои веќе се фотографирале за нови исправи откако претходно одвај успеале и да закажат термин. Омбудсманот Насер Зибери на прес-конференција оцени дека се работи за „сериозен проблем“ и „неприродна ситуација“.

Соопшти дека во јануари-февруари примиле 50-ина претставки за лични документи по различна основа – покрај за неможноста да се подигне документот, граѓаните се жалат и на неможност да закажат термин, а има и претставки за надомест на трошок затоа што вадат нови документи иако рокот на важноста на старите не е истечен.

При посета на двата главни пункта во Скопје – во  МРТВ и во Кисела Вода, тимови на НП ги потврдиле наводите од претставките дека има „сериозен број исправи“ (лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, но и пасоши) „ставени настрана и нема увид органот за нивно распределување односно издавање иако се завршени“.

Тимови на Народниот правобранител досега им помогнале на граѓани на кои итно им бил потребен пасошот што не успеале да го подигнат, најчесто за некој вид патување (за лекување, спортско, деловно или научно патување) и во соработка со служби на МВР тие ги нашле готовите документи.

-Но, ова е неприродна ситуација. Министерството за внатрешни работи  тоа треба да го прави по службена должност и да им ги даде документите, а не ние. Укажуваме МВР да направи добра реорганизација на процесот и нормално да тече издавањето готови исправи. Доста чекаат за добивање термин, па за фотографирање, обработка и одобрување, па уште и за издавање да се чека, рече Зибери.

За претставките со кои се бара рефундација на парите за нови документи, бидејќи старите се уште имаат рок, Зибери одговори дека за тоа зборува веќе осум месеци, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев дека таква одлука ќе треба да разгледува новата влада, одгвоори дека тоа прашање „нема врска со изборите“.

Омбудсманот се осврна и на „проблем во најава пред одржување на изборите“ кој се однесува на дел од граѓани кои во меѓувреме наполниле или ќе наполнат 18 години, а немаат ниту лична карта ниту пасош.

-Ќе се доведе во прашање нивното право на учество на изборите што е уставно загарантирано. Дел од тие лица имаат патна исправа, но, за жал, со стар образец, што значи согласно постојната регулатива тие исправи се невалидни за учество во изборниот процес, рече народниот правобранител и порача дека „доколку Владата не преземе нешто, може многу граѓани да бидат ставени во ваква деликатна ситуација“.

Затоа побара Владата веднаш да го разгледа проблемот – да ги најде оваа група граѓани и да им обезбеди приоритет во постапката за обезбедување лични карти.

-Исто како што тоа им се овозможи на превозниците, иако тоа е многу помал број, но има време до првиот круг на изборите односно до средината на април, додаде правобранителот.

Исто така тој укажа и на непримената на член 7 од Законот за лични карти  кој одредува дека на граѓаните над 65 години треба да им се издава лична карта со трајна важност. Наместо тоа, МВР и натаму издава со важност од десет години. Апелираше МВР да го спроведува и тој член законот, со што во иднина ќе се намали притисокот за промена  на лични карти од граѓани кои се постари од 65 години.

готови пасоши МВР Министер за внатрешни работи Омбудсманот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.