Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Нови идеи и заеднички активности со музеите во Ватикан

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 1, 2024 16:02

Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор меѓу министерката за култура во техничката Влада, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменикот уметничко-научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола на нивниот состанок во Ватикан. Покрај оваа изложба, договорено е и да се овозможат услови за организирање на други изложби преку кои ќе се промовира македонската уметност.

-Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните икони изработени од македонски автори. Покрај оваа изложба, за која музејот во Ватикан покажал особен интерес, било договорено да се овозможат услови за организирање и на други изложби преку кои македонската уметност ќе се промовира како дел од европската, со своја посебност и важност., се вели во соопштението на Министерството за култура.

Костадиновска-Стојчевска го поканила директорот Спинола во Скопје за оваа соработка да продолжи со настани низ нашата држава низ кои Ватикан ќе претстави дел од својата уметничка архива.

Значењето на македонското културно наследство беше и во фокус на изложбата „Манастирите од Северна Македонија“ која е поставена токму во Ватикан, во македонската амбасада, на која преку фотографиите на Стојан Стојановски светот се запознава со средновековните манастири.

При посетата на изложбата Костадиновска- Стојчевска, ја потенцираше непроценливата вредност на нашето културно и историско наследство, како и умешноста на градителите на македонските цркви и манастири.

-Заедничките планови со Ватикан за во иднина, како и поставената изложба се потврда за добрите, и нов потег да се продлабочат 30 годишните прјателски односи кои ги имаме со Светиот Престол и преку која меѓународно ја промовираме македонската културна историја. Во таа насока беше и состанокот на министерката со хуманитарната организација на Католичката црква, „Каритас Интернационалис“. Со нив е отворена идејата да се организира настан за Мајка Тереза, преку поголем број активности во кои ќе се вклучат академската заедница и студентите, соопштија од Министерството.

Пред состаноците со официјалните претставници од Ватикан, министерката Костадиновска-Стојчевска имала работен состанок и во македонската амбасада при Светата Столица, со што официјално ја почна посетата на Рим. Со амбасадорката Марија Ефремова, покрај другите, се отвориле и прашањата околу чествувањето на 24 Мај- Ден на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, кога нашата култура ќе има свое традиционално претставување.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Ватикан македонски цркви и манастири музеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.