НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: Се отвора воздухопловната база на НАТО во Кучово, по првпат ќе полетаат беспилотните летала „Бајрактар“

0
By Ана Василевска on March 4, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
Еди Рама
Еди Рама
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во  албанскиот град Кучово денеска ќе биде отворена воздухопловна база на НАТО.

Премиерот  на Албанија Еди Рама, со објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база.

-Добро утро и со неколку моменти од склопувањето на беспилотните летала Бајрактар, кои ќе го направат својот прв лет на свеченото отворање на новата воздухопловна база на НАТО денеска во Кучово, ви посакувам добра недела,  пишува Рама.

Веста за отворањето на воздухопловната база на НАТО во Кучово, што е прва на Западен Балкан, ја соопшти американскиот државен секретар Антони Блинкен при неговата посета на Албанија на 15 февруари.

На инаугурација ќе учествуваат и највисоките претставници на албанската држава, претседателот, премиерот, претседателот на Собранието, како и претставници на НАТО алијансата. За време на церемонијата ќе има воздушен спектакл на летање на авиони.

Работите за трансформација на базата на НАТО во Кучово започнаа во јануари 2022 година. Инвестицијата е вредна околу 50 милиони евра и опфаќа реконструкција на магацини за оружје, бензински пумпи, магацини за оружје, паркинг за авиони, станица против несреќи и пожари, реконструкцијата на пистата и кулата.

Еди Рама НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.