НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Национален џез оркестар со концерт „Џез лектира” – осврт на работата на „кралот на свингот” Каунт Бејси

0
By Ана Василевска on March 5, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последниот проект на Националниот џез оркестар носи наслов "Џез Лектира," и
претставува навраќање на биг бенд ерата, позната и како ера на свингот. Овој период
претставува значаен период од музичката историја во кој популарната музика во САД
доживува своевидна трансформација. Големи ансамбли, пишани аранжмани кои се
истакнуваат наспроти спонтаните солирања, доминација на свинг ритамот, наплив на
иновативни композитори, се дел од карактеристиките на оваа ера која го доживува својот
врв во периодот од 30-тите до средината на 40-тите години нa 20-тиот век.
Во тој период се истакнува една група музичари кои како лидери на своите биг бендови
прават вистинска револуција во џез музиката во тој период, Меѓу најважните имиња во
биг бенд ерата се вбројуваат Дjук Елингтон, Бени Гудман, Глен Милер, и секако Каунт
Бејси.

Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на
бенд и композитор, кој е познат и како "Кралот на свингот". Во 1935 година, тој го
формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа
резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор
саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери
за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично.
Многу светски познати музичари доаѓаат до израз токму во овој биг бенд, вбројувајќи ги
тенор саксофонистите Лестер Јанг и Хершел Еванс, гитаристот Фреди Грин, трубачите Бак
Клејтон и Хари „Свитс“ Едисон, тромбонистот Ал Греј, и пејачите Џими Рашинг, Хелен
Хумес, Телма Карпентер и Џо Вилијамс.


На концертот "Џез Лектира," се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг
бендот, како и на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка,
Дајан Шур, меѓу другото добитничка на две Греми награди за најдобра џез пејачка во
1986 и 1987 година. По тој повод, специјална гостинка на концертот е Марија
Димитријевиќ, една од најдобрите женски џез пејачки на овие простори.
Концертот ќе се одржи на 16 март, во салата на Македонскиот народен театар, со почеток
од 20 часот.
Билетите може да се набават online, на страната на МНТ
https://mnt.mk/online/index.php?id=558 , или на Билетарницата на МНТ.

Национален џез оркестар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.