НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните ќе можат да ги следат во живо сите седници на работните тела на Собранието

0
By Marija Todorovska on March 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните отсега може да ја следат во живо дискусијата во рамки на работните тела на Собранието на Република Северна Македонија, независно од тоа во која сала се одржуваат комисиските седници.

Директните преноси од седниците на комисиите и на другите работни тела, како и од пленарните седници, може да се гледаат преку интернет страницата на Собранието (sobranie.mk), во секцијата насловена „Собранието во живо“.

-Оваа новина, која е во насока на подигање на нивото на транспарентност и отчетност во работата на законодавната власт, согласно со Стратешкиот план на Собранието, е овозможена преку реализација на проектот за опремување на салите со видео и аудио опрема, поставување медиа сервер и негово поврзување со веб-страницата, се вели во соопштението од Собранието.

Проектот го реализираше Службата на Собранието, преку Секторот за информатички и комуникациски технологии, а со финансиска поддршка од Програмата за парламентарна поддршка (ПСП).

-Така е овозможен истовремен видео пренос од сите сали во Собранието и следење во живо на веб-страницата на Собранието или гледање на видео материјал на барање од архивата на настани, со вградени филтри за пребарување, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Собранието.

Можности за директен пренос на седниците се обезбедени во сите сали во кои се одржуваат средби и седници на собраниските комисии, чии активности се најавени на веб-страницата на Собранието.

На јазичната верзија на албански јазик на веб-страницата, директните преноси ќе одат со симултан превод.

Со создавањето услови за преноси во живо од сите седници на работните тела, Собранието, како законодавна власт и претставнички дом на граѓаните, нагласуваат оттаму, прави уште еден голем исчекор во однос на јавноста  во работењето, откако со новата интернет страница, пред две години, првично беше создадена можност за директни преноси на седниците на комисиите што се одржуваа во салата „Борис Трајковски“. 

седници Собрание Собрание во живо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.