Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Армија“ од ботовски профили со антиалбански и антизападен наратив во координирана акција за дискредитирање на Пендаровски

0
By Marija Todorovska on March 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 5, 2024 14:54

Стотици корисници на социјалната мрежа Х (Твитер) вмрежени меѓу себе, кои со години наназад шират антиалбански и антизападни ставови и позиции создавајќи лажни вести, изминативе денови започнаа координирана акција за дискредитирање на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Нашето истражување лоцираше најмалку 120 профили на социјалната мрежа Х кои огромен дел од објавените содржини ги насочуваат како напад кон претседателот на државата. 

Скоро сите овие профили (кои поради вмреженоста на социјалните мрежи се нарекуваат и „ботови“) очигледно според анализата на објавите и редоследот се  оркестририрани и со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, со антиалбански и антизападен наратив и секако со бројни лажни вести насочени кон секого кој не се согласува со ставовите на опозициската партија.

Најголем дел од овие лажни профили датираат од времето на референдумот за името или се отворени во последните 2-3 години, а многу често може да се забележи дека споделуваат и проруски содржини на своите профили.

Дека оваа група делува синхронизирано, покажува и фактот што пред некој ден, на 29.02.2024 година пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. Миле Лефков има прес конференција против Стево Пендаровски од која наративот пласиран од Лефков се преселува на овие профили кои ги димензионираат нападите користејќи навреди, лаги, како и говор на омраза.

https://novatv.mk/storage/2024/03/botovi.mp4

 

Имајќи ја предвид нивната „случајна“ координираност, прашуваме дали зад овие профили стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ? Дали ВМРО-ДПМНЕ стимулира говор на омраза против своите политички опоненти на социјалните мрежи? Дали ВМРО-ДПМНЕ стимулира и охрабрува антизападни наративи на социјалните мрежи и на крајот, дали се свесни во ВМРО-ДПМНЕ дека на овој начин создаваат дополнителен раскол по етнички линии и предизвикуваат нетрпеливост на етничка база?

Нападите, навредите, лажните вести, се чини и овие избори ќе бидат неодменлив дел на црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нешто што во последните години се чини стана заштитен знак на оваа политичка партија.

Извор: Aktuale.mk

ботови мрежа X Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.