НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Додека сум јас министер за економија не може да се случи продажба на АД ЕСМ

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно Стратегијата за развој на енергетиката и официјалните документи што ги носи Министерството за економија не е предвидена продажба на АД ЕСМ, туку е предвидено спротивното – ЕСМ да ги зајакне своите капацитети со цел да биде стожер на енергетскиот сектор во нашата држава. Дали во иднина би отишло на продажба ЕСМ или не, тоа не знае ниеден од нас, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Додека јас сум министер за економија и член на владата тоа никогаш не може да се случи. Но, и јас ако не сум, ако е мојата политичка партија ДУИ е во владата пак нема да се случи. Ако некој друг има некоја опција нека ја презентира пред граѓаните јавно и граѓаните нека одлучат дали сакаат да се продава ЕСМ или не, рече Бектеши во одговор на прашање при денешното одбележување на Светскиот ден на потрошувачите.

Додека е министер за економија, како што кажа, ќе се случи спротивното, ќе се зајакнат капацитетите на ЕСМ.

-Нашата политика е дека треба да имаме домашно производство, домашни капацитети се со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните за да има пониски цени. Ако одредени други субјекти имаат други политики нека излезат и нека ги презентираат пред граѓаните, па тогаш граѓаните ќе одлучат, посочи Бектеши.

Прашан до каде е постапката на ДКСК за иницијативата на Владата за меѓународна арбитража за ТЕЦ Неготино и дали го контактирало Обвинителството во однос на нивната иницијатива, рече дека ни ДКСК, ни Обвинителството не го контактирале Министерството за економија ни при добивање на информации.

-Министерството за економија преку медиумите слушна дека е вклучено, дека има одредени индиции кои се целосно погрешни и спротивни на законските одредби и надлежностите кои ги имаат институциите. Во делот на мазутот ОКТА е продадена во 1999 година, двете арбитражни постапки кои се изгубени од страна на државата кон ОКТА се до 2013 година што значи дека овие луѓе кои моментално се во Секторот за енергетика и ова раководство на Министерството за економија не би можело да има никакво влијание. Во минатото, но и сега во моментов арбитражните постапки се водат од Координативното тело со кое претседава вицепремиерот за економски прашања и сите документи и целата комуникација меѓу институциите се води од тој кабинет. Затоа ние во Министерството за економија таму каде што можеме да придонесеме даваме информации, а воедно за ова немаме информации, прецизира Бектеши.

Бектеши ЕСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.