НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катица Јанева, Стевче Јакимовски и членови на нивното потесно семејство на црната листа на САД

0
By Ана Василевска on March 18, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Катица Јанева
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради значителна вмешаност во корупција, поранешната специјана обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски од денеска се  на црната листа на САД. Ова во допис до медиумите го соопшти Американсата амбасада на САД.

„Денес, Стејт департментот на САД ја објавува јавнота забелешка за поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева; актуелен градоначалник на Карпош, Северна Македонија, Стевчо Јакимовски; и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку. Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади. “, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.

Како што се вели во соопштението, во нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Според Амбасадата, постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност.

„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници. Во неговото службено својство како градоначалник на општина Качаник, Косово, Жарку беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата позиција за мешање во процесите на набавки за незаконски да дозволи изградба на имот во сопственост на општината, за да има корист за себе и за неговите соработници.“, соопштуваат од Амбасадата.

Овие ознаки ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво, потенцираат тие.

„Овие ознаки се направени според Дел 7031(в) од Законот за резервации на средства на Стејт департментот, странски операции и сродни програми, 2023 година, како што е пренесено со Законот за континуирани резервации. Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги определува и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругата и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски, Жарку и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.“, закчлучуваат од Амабасадата.

Катица Јанева стевче јакимовски Црна листа на САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.