НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски земји со најмалку работни часови во седмицата

0
By Marija Todorovska on March 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Европа последниве години се забележува стремеж кон намалување на бројот работни часови. Некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела.

Во Германија во февруари 2024 година почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла – вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании што, согласно пократката работна недела, ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и помал број состаноци, пренесува „Панкуфер“ (Punkufer).

Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку имаат можност сами да си направат распоред, како што појасни и белгискиот премиер Александар де Кро.

Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се исто така дел од земјите каде се тестира пократката работна недела.

Каде најмалку се работи? Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави. Така, земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа).

Топ-10 списокот го дополнуваат Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Според Евростат – официјалната статистичка служба на Европската Унија, Балканците работат и над 40 часа неделно.

Белгија Евростат работни часови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.