НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спротивставени мислења за новиот генетски третман за ХИВ

0
By Marija Todorovska on March 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тим научници од Универзитетот во Амстердам, Холандија, објавија дека успешно го отстраниле ХИВ-вирусот од заразени клетки, со помош на нова техника за уредување гени. Се работи за системот „КРИСПР“ (CRISPR), моќна алатка во современата генетика. Ова откритие на научниците им ја донесе Нобеловата награда за хемија, пишува „Би-би-си“.

Досегашните лекови против ХИВ можат да го запрат вирусот, но не и да го елиминираат од крвта. „КРИСПР“ ја сече ДНК-та на молекуларно ниво, како „со ножици“ и ги отстранува или деактивира несаканите делови.

Истражувачите, сепак, истакнуваат дека е потребна уште многу работа за науката да потврди дека методот е целосно делотворен и безбеден. Претставувајќи го резимето од своите првични наоди на последната Медицинска конференција, научниците нагласија дека нивната работа останува само „доказ за концепт“ и наскоро не може да стане збор за готов лек за ХИВ.

И д-р Џејмс Диксон, вонреден професор по Технологии за генска терапија на Универзитетот во Нотингем, во Велика Британија вели дека се бараат дополнителни истражувања. Од друга страна пак, од американската биофармацевтска компанија „Ексижн биотерапутикс“ (Excision BioTherapeutics) сметаат дека 48-неделното испитување на тројца доброволци со ХИВ не покажало сериозни ефекти.

Д-р Џонатан Стоје, експерт за вируси во лондонскиот Институт „Френсис Крик“, вели дека отстранувањето на ХИВ од сите клетки во телото што може да го содржат е исклучително предизвик. Но, тој е загрижен за „ненасочените ефекти од третманот“, коишто би можеле да имаат долгорочни несакани последици и верува дека „ќе минат многу години пред терапијата заснована на ‘КРИСПР’ да стане рутина“, дури и под претпоставка дека нејзината ефикасност може да се докаже.

ХИВ ги инфицира и напаѓа клетките на имунолошкиот систем, користејќи сопствен механизам за да се размножува себеси. Со ефективен третман, некои клетки влегуваат во мирна состојба, но сепак содржат ДНК на ХИВ или генетски материјал без активно создавање нов вирус. На повеќето луѓе со ХИВ им е потребна доживотна антиретровирусна терапија, а доколку престанат да ги земаат лековите, заспаниот вирус може повторно да се разбуди и да предизвика нови здравствени проблеми.

ХИВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.