Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија за претстојните двојни избори, ангажирани 320 набљудувачи

0
By Marija Todorovska on March 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2024 12:17

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и чевекови права (ОДИХР) денеска ја отвори набљудувачката мисија во Северна Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај, која се спроведува на покана од властите на земјава.

Шефот на мисијата амбасадорката од Канада Џилијан Старк на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека ова се 22-ри избори во Северна Македонија што ОДИХР ќе ги набљудува. Последните избори коишто ги набљудуваа беа локалните избори во 2021 година.

-ОДИХР работи во согласност со установена методологија за набљудување на избори. Ние сме целосно непристрасни и се засноваме на факти. Во рамките на мисијата ќе се направи проценка дали изборите се во согласност со заложбите кон ОБСЕ и други меѓународни обврски, како и со националното законодавство. Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји учеснички на ОБСЕ. Станува збор за многу разнообразна група. Ќе бидеме во земјата и за претседателските избори и за парламентарните избори и ќе заминеме на 19 мај, рече амбасадорката Старк.

Покрај главниот тим, ќе има група на долгорочни набљудувачи, вкупно 20 лица кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје.

-Ние исто така побаравме и 300 краткорочни набљудувачи коишто треба да пристигнат непосредно пред изборите. Неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирање на резултатите. Тие ќе дојдат непосредно пред изборите, 24 април и 8 мај, додаде амбасадорката Старк.

На новинарско прашање дали предоцна беа усвоени препораките на ОБСЕ/ОДИХР што се однесуваат на некои од измени на Изборниот законик, со оглед дека тие беа донесени пред само две недели и дали имаат време институциите да се подготват, шефот на набљудувачката мисија вели дека се уште се во фаза на анализирање.

-Имавме иницијален состанок со ДИК, но ова е нашиот прв работен ден како набљудувачка мисија па почнуваме со овие проценки. Свесни сме за работата и претходните препораки, но се уште не сме направиле целосна проценка. Се уште сме во фазата на анализирање, но секако ова е едно од нештата коишто ќе бидат анализирани во рамките на нашата набљудувачка мисија, односно дали претходните препораки се земени предвид, рече амабасадорката Старк.

Во однос на тоа дали е навистина зголемен бројот на набљудувачи и имаат ли некакви сознанија дека се очекуваат некакви конфликти, Старк нагласи дека бројот на набљудувачи се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите по реализираната посета во јануари годинава.

-Има два вида на избори коишто се случуваат во ист ден, па не е невообичаено да имаме голем број на набљудувачи и бараме голем број набљудувачи низ двата вида избори. Како што кажав, ова се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите, вели шефот на набљудувачката мисија, амбасадорката Старк.

избори набљудувачка мисија ОДИХР УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.