НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Членството во НАТО е апсолутна гаранција за нашата безбедност и е додадена вредност

0
By Marta Pesevska on March 21, 2024 ВЕСТИ
Славјанка Петровска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интервју за „Локално“ , министерката за одбрана, Славјанка Петровска зборува за набавката на хеликоптерите за армијата. Таа вели дека, се работи за повеќенаменски хеликоптери кои покрај транспортот ќе може да изведуваат и друг широк спектар на операции – мисии за огнена поддршка, извидување, задачи со специјални сили, поддршка на цивилни институции во услови на елементарни непогоди и кризни состојби.

„Нашите експерти од воздухопловниот ВИНГ на брифингот за новинарите покажаа со какво вооружување ќе бидат опремени хеликоптерите. Тоа значи дека припадниците на Интегрираниот проектен тим внимавале на се и добро се погрижиле хеликоптерите да одговорат на сите евентуални потреби на Армијата, ВИНГОТ и државата, што беше и наведено во оперативното барање на Генералштабот за набавка на новите хеликоптери. Значи не е опозицијата таа што кажува какви хеликоптери ни се потребни, туку експертите и познавачите во Армијата,“ истакна Петровска.

Во однос на тоа дали се модернизира доволно брзо македонската армија со оглед на се понесигурната средина во која се наоѓа земјата и поради заканите од Русија кон земји-членки на НАТО, Петровска истакнува дека членството во НАТО е апсолутна гаранција за нашата безбедност и е додадена вредност. Тоа спротивно на вашето тврдење, значи посигурна средина во која се наоѓа земјата.

„Заканите на Русија кон која било земја членка на НАТО нема да се реализираат бидејќи тоа значи одговор од сите 32 земји членки на НАТО, чија основна задача е гаранција на безбедноста на граѓаните на земјите членки на Алијансата. Дали Армијата се модернизира е сосема очигледно – износот на севкупниот буџет на Армијата во 2016 денеска е еднаков на износот кој се издвојува само за модернизација,“ рече Петровска.
Таа информира дека вкупниот буџет е неколкукратно зголемен и изнесува 2,05% од БДП.

„Граѓаните можат да се чувствуваат апсолутно сигурни и безбедни бидејќи конечно државата вложува во Армијата – во нејзиното опремување, во условите за работа, во секој еден припадник на Армијата поединечно, и бидејќи тоа денеска е Армија на НАТО,“ порачува Петровска.

НАТО Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.